Допрва ќе се избираат воен и дипломатски претставник во НАТО


На прагот на полноправното членство во НАТО, нашата земја уште извесно време ќе биде без свој воен и дипломатски претставник во седиштето на оваа организација во Брисел. Новиот претседател Стево Пендаровски, како што соопштија од неговиот кабинет, потпишал указ со кој го отповикал бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски од воен претставник на Северна Македонија во НАТО. …

Допрва ќе се избираат воен и дипломатски претставник во НАТО Read More »

Мерко се развласти, владата нека руши дивоградби


Струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко се развласти и ја информираше владата оти таа ќе биде надлежна да ги руши дивоградбите во градот. Тој денеска испрати писмо до „Илинденска“ во која го информира премиерот Зоран Заев дека сите надлежности на Општината за урбанистичко планирање градежни дозволи и давање на концесии, како и во делот на спроведување на …

Мерко се развласти, владата нека руши дивоградби Read More »

„Метлата“ во сенка на „рекетот“


Во сенка на скандалот околу Специјалното јавно обвинителство се реализира вториот бран кадровски промени во извршната власт во рамки на „метлата“, што премиерот Зоран Заев ја најави веднаш по првиот круг од претседателските избори. Оттогаш поминаа речиси три месеци, од кои само првиот помина во знак на „метлата“, додека во другите два месеца на политичката …

„Метлата“ во сенка на „рекетот“ Read More »

Ахмети лут на Заев и на Мицкоски, пописот виси поради две точки


Само еден ден откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази згрозеност од случувањата поврзани со Специјалното јавно обвинителство и уште еднаш повтори оти ветингот за сите носители на јавни функции мора да биде задолжителен, членот на Судскиот совет, Миљазим Мустафа, кој важи за близок на ДУИ, го одложи гласањето за разрешување на претседателот на Врховниот …

Ахмети лут на Заев и на Мицкоски, пописот виси поради две точки Read More »

Предлог-законот за основно образование влезе во Собранието


Предлог-законите за основно образование и за наставници и стручни соработници во основно и средно образование денеска влегоа во собраниска процедура откако Владата ги усвои на седница минатиот вторник. Матичната собраниска комисија на седница денеска речиси три часа го утврдуваше дневниот ред со овие две точки затоа што пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараа одложување на седницата …

Предлог-законот за основно образование влезе во Собранието Read More »

МЗ: Зависниците ќе добиваат метадон на локација која им е најблиску до местото на живеење


Пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности ќе можат да добиваат метадон на пет локации кои им се најблиску до местото на живеење, односно во поликлиниката во населбата Ченто, во поликлиниката „Јане Сандански“, во Психијатриска болница-Скопје, на веќе познатата локација во Општина Кисела Вода и во Градската општа болница „8 …

МЗ: Зависниците ќе добиваат метадон на локација која им е најблиску до местото на живеење Read More »

Бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски нема да оди во седиштето на НАТО


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, потпиша укази за разрешувања, поставувања и отповикувања во Армијата на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски постапи по одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата, која утврдила дека поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, со донесените укази за поставувања во Армијата на 25 февруари 2019 година, за време …

Бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски нема да оди во седиштето на НАТО Read More »

Жбогар: Сега е моментот за институционална соработка за исполнување на препораките на УНЕСКО


Амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар вели дека сега е моментот за вистинска соработка помеѓу сите институции за да се исполнат препораките на УНЕСКО за Охрид. – Секогаш верувам дека е подобро сами со сопствени сили да се справите со проблемите. Од 4 јули кога УНЕСКО ја даде препораката, до 1 февруари има 30 недели …

Жбогар: Сега е моментот за институционална соработка за исполнување на препораките на УНЕСКО Read More »

Во Прилеп сѐ е подготвено за почетокот на „Пивофест“


Со многу забава, штандови за дегустација на познатиот пенлив пијалак и вкусна скара, со голем број познати изведувачи од земјава и од Регионот, со новини и во сигурна атмосфера вечер во центарот на Прилеп официјално ќе биде отворена 17-тата по ред голема летна манифестација „Пивофест 2019“. Организаторите, прилепската локална самоуправа и скопската фирма „Баги комуникации“ …

Во Прилеп сѐ е подготвено за почетокот на „Пивофест“ Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски нема да учествува на лидерската средба в петок


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема да се појави на лидерската средба в петок, потврди денеска претседателка на Унијата на жени на партијата, Благица Ласовска. ВМРО-ДПМНЕ, според Ласовска, останува на ставот дека ако воопшто се одржи лидерска средба на која ќе присуствува Мицкоски, тогаш таа ќе биде исклучиво за предвремени парламентарни избори. – Како што …

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски нема да учествува на лидерската средба в петок Read More »

Движење Беса: Кога Владата ќе даде одговори на нерасчистените случаи


Неуспесите на оваа Влада не престанаа. Свесни сме дека оваа Влада на СДСМ-ДУИ го загуби патот во сопствениот двор, па денеска сме тука да ги потсетиме на неуспесите или случаите кои немаат епилог, а се случиле во владите што имаат заеднички именител ДУИ, кои еднаш со ВМРО-ДПМНЕ, а сега и со СДСМ, се чувствуваат удобно …

Движење Беса: Кога Владата ќе даде одговори на нерасчистените случаи Read More »

Дел од камионите на Кочан биле заложени во банки


Минатата недела во Агенцијата за управување со одземен имот стигнала правосилната пресуда за одземање на имотот на осудениот бизнисмен Сеад Кочан. Директорот на Агенцијата, Фатон Асани вели дека изготвени се решенија за префрлање на станови, земјиште, деловен простор од „Трансмет“, фирмата на Сеад Кочан, на име на Агенцијата. „Од нив три се во залог, а …

Дел од камионите на Кочан биле заложени во банки Read More »

Седница на Централниот одбор на СДСМ


Централниот одбор на СДСМ вечер  во 18 часот ќе одржи седница во партиското седиште. Од СДСМ соопштија дека седниците на Централниот одбор се работни и најавија дека за заклучоците и одлуките на ЦО ќе ги информираат медиумите по завршување на седницата. На последната седница на ЦО на СДСМ  во Охрид, меѓу останатото, беа избрани нови …

Седница на Централниот одбор на СДСМ Read More »

Бектеши за лидерската: ДУИ секогаш е подговена да разговара за решенија на проблемите


Демократската унија за интеграција (ДУИ) како отворена партија секогаш е подготвена разговара за да се изнајде решение што ќе биде најдобро за сите граѓани и за државата. Ова го порача министерот за економија Крешник Бекеши во одговор на прашање дали има смисла утре да се одржи најавената лидерска средба без присуство на лидерот на опозицијата …

Бектеши за лидерската: ДУИ секогаш е подговена да разговара за решенија на проблемите Read More »

Жбогар: „Рекет“ не влијае на европерспективата, да се најде решение за иднината на СЈО


Последните случувања во врска со случајот „Рекет“ не треба да имаат последици врз европерспективите на земјава, смета aмбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар. Напротив, како што вели, активностите што ги презема Јавното обвинителство претставуваат функционирање на владеењето на правото. – Сметам дека она што моментално го презема Јавното обвинителство е демонстрација на функционално владеење на правото. …

Жбогар: „Рекет“ не влијае на европерспективата, да се најде решение за иднината на СЈО Read More »

Милан Тоциновски за бркотницата во „Лептокарија“: Им дадов забелешки за услугата, па ме нападнаа


Актерот Милан Тоциновски – Сако за Плусинфо ја раскажа својата страна за вчерашната бркотница во трговскито центар „Лептокарија“. На снимката која се појави на „Фесјбук“ документирана од човек кој сведочел на настанот се гледа како две лица, маж и жена, персонал од кинески ресторан со сатар го бркаа актерот. Тоциновски вели дека не е точно …

Милан Тоциновски за бркотницата во „Лептокарија“: Им дадов забелешки за услугата, па ме нападнаа Read More »

Предлог-законот за заштита на правата на пациентите го помина првото читање


Обезбедување и промовирање целосно остварување на човековите права и основни слободи на сите лица без каква било дискриминација, вклучително и врз основа на попреченост и родов идентитет и пол, забрана на дискриминација во обезбедувањето на правата на пациентите содржани во законот и унапредување и заштита на нивните права со нивно активно вклучување во комисиите за …

Предлог-законот за заштита на правата на пациентите го помина првото читање Read More »

Во летувалиштата Дојран, Охрид и Струга најдена небезбедна храна


Околу 218 килограми храна, најголем дел месо и подготовки од месо и јајца, се уништени како небезбедни при извршени инспекции кај оператори со храна во Дојран, Охрид и Струга, соопшти денеска на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Во 128 вонредни контроли спроведени од 5 до 11 јули во трите туристички центри, констатирани се неусогласености …

Во летувалиштата Дојран, Охрид и Струга најдена небезбедна храна Read More »

Пендаровски: Да се прави разлика меѓу СЈО и истрагата за „Рекет“


Претседателот Стево Пендаровски смета дека мора да се направи разлика меѓу истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство и работата на обвинителите во Специјалното јавно обвинителство. Тој во интервју за Радио Слободна Европа вели дека е разочаран од тоа што го слуша во последниве денови во врска со СЈО. Апелира до надлежните што е можно побрзо …

Пендаровски: Да се прави разлика меѓу СЈО и истрагата за „Рекет“ Read More »

Се очекува раст на продажните цени во градежништвото


Продажните цени во градежништвото се очекува да се зголемат во наредниот период,  навеле раководителите на градежните фирми во оценката за деловните состојби во секторот, што ја објави денеска Државниот завод за статистика. Индикаторот на доверба во градежништвото во вториот квартал е повисок за 0,2 процентни поени споредено со првиот квартал годинава, а во однос на …

Се очекува раст на продажните цени во градежништвото Read More »