Дел од камионите на Кочан биле заложени во банки


Минатата недела во Агенцијата за управување со одземен имот стигнала правосилната пресуда за одземање на имотот на осудениот бизнисмен Сеад Кочан.

Директорот на Агенцијата, Фатон Асани вели дека изготвени се решенија за префрлање на станови, земјиште, деловен простор од „Трансмет“, фирмата на Сеад Кочан, на име на Агенцијата.

„Од нив три се во залог, а другите 23 се чисти и во соработка со државниот катастар ќе бидат препишани на име на Агенцијата за управување со одземен имот“, рече Асани
Освен недвижен имот Кочан има и 204 возила за кои побарале од Централен регистар да провери дали се дадени под залог, бидејќи за 24 камиони имаат документи биле заложени во неколку банки.

„Ако камионите се заложени во банки треба да седнеме и со извршители на работен состанок и да ги допрецизираме тие работи“, вели Асан.

Бизнисменот Кочан вчера требаше да почне со издржување на затворската казна од четири години и осум месеци, но поднесе ново барање за одложување на казната со образложение дека е болен.

Судија за извршување на санкции се уште ја разгледува медицинската документација и треба во најбрз можен рок да донесе одлука дали ќе му ја прифати или не жалбата. Оваа одлука го одложи издржувањето на затворската казна. Кочан поднесе барање за преиспитување на правосилната пресуда, но целиот предмет е во Кривичен суд додека не му биде конфискуван имотот.