Сончево и постудено со силен северен ветер


Сончево, но постудено време со силен северен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Дневните температури во поголем дел од државата ќе бидат намалени за околу 10, а наместа и за 15 степени. Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 12 до 22 степени. УВ-индексот изнесува 6. Синоптичарите најавуваат дека во Скопје …

Сончево и постудено со силен северен ветер Read More »

Заев: Бојкотот носи трња и троскот, ништо друго


Бојкотот носи трња и троскот, ништо друго. Ова го изјави премиерот Зоран Заев вечерва на трибина во Неготино. – Како мал пазар тешко се опстојува. Можеме само здружени заедно. Со понапредните, со големите пазари, каде што владее правото и европски вредности, каде што е вредно да се има квалитетен живот за живеење. Таму беа нашите …

Заев: Бојкотот носи трња и троскот, ништо друго Read More »

Мицкоски: Најголемиот дел од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ или ќе апстинираат или ќе гласаат против


Сите граѓани во Република Македонија на 30 септември на претстојниот референдум треба да постапат според сопствено убедување, слушајќи го срцето и расудувајќи според разумот, истакна вечерва лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Телма, избегнувајќи конкретно да даде одговор на прашањето како тој како лидер на најголемата опозициска партија ќе постапи и каков …

Мицкоски: Најголемиот дел од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ или ќе апстинираат или ќе гласаат против Read More »

Судењето за „Титаник“ продолжува на 5 октомври


На 5 октомври во Кривичниот суд во Скопје, со слушање на „бомбите“ од доказниот материјал на Специјалното јавно обвинителство продолжува судењето за предметот „Титаник” за изборни нерегуларности. Во попладневниот дел од денешното рочиште, во дел од „бомбите“ се слушаше како поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски бара од неговите соговорници да најдат противкандидати …

Судењето за „Титаник“ продолжува на 5 октомври Read More »

Дебар, Жупа и Река десет часа без струја


Целото дебарско конзумно подрачје кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше денеска десет часа беше без елекрична енергија. Тоа поради изведување одредени активности од страна на ЕВН на електоромрежата, насочени кон подобрување на нормалното снабдување со електрична енергија. Дебарското конзумно подрачје кое опфаќа над четири и пол …

Дебар, Жупа и Река десет часа без струја Read More »

Димитров: Иселувањето не можеме да го спречиме доколку Македонија не ја направиме европска


Иселувањето не можеме да го спречиме доколку Македонија не ја направиме европска, им порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на младите од Делчево. На средбата што ја организираше Советот на млади при општина Делчево, министерот Димитров ги образложи перспективите што ќе ги добие државата со евроатлатските интеграции и истакна дека младите како генерација треба …

Димитров: Иселувањето не можеме да го спречиме доколку Македонија не ја направиме европска Read More »

Шекеринска: На 30 септември имаме шанса да ја направиме Македонија безбедна и стабилна


На 30 септември имаме шанса да обезбедиме Македонија да биде безбедна и стабилна држава, да не се грижиме за тоа дали ќе не биде, дали ќе ги зачуваме истите граници, а во исто време и да и гарантираме на нашата земја повеќе пари за патишта, локална инфраструктура, подобро образование и здравство, порача денеска министерката за одбрана …

Шекеринска: На 30 септември имаме шанса да ја направиме Македонија безбедна и стабилна Read More »

Бомби на Титаник: Тодоровиќ не дава пари, пушти му инспекција!


Од осумдесетината „бомби“ кои беа објавени на денешното судско рочиште за случајот „Титаник“, односно за изборните манипиулации во 2011 и 2013 година, се слушна и како партијата ВМРО-ДПМНЕ мака мачела да обезбеди пари за финасирање на изборните кампањи. Еден месец пред изборите во 2013 годин Миле Јанакиески и Кирил Божиновски разговараат за фирмите кои дале …

Бомби на Титаник: Тодоровиќ не дава пари, пушти му инспекција! Read More »

МВР: Секаков вид притисок, закана или уцена при гласањето ќе биде спречен и санкциониран


Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, ги презема сите неопходни мерки со цел гласањето на претстојниот референдум на 30 септември да помине во најдобар ред, односно да се овозможи слободно изразување на волјата на граѓаните. Согласно законите, се наведува во соопштението на МВР, секаков вид притисок, закана или уцена при чинот на гласањето …

МВР: Секаков вид притисок, закана или уцена при гласањето ќе биде спречен и санкциониран Read More »

Министерката нема надлежност за судиите кои суделе по нарачка


Министерката за правда, Рената Дескоска која кога ја преземаше позицијата во новото министерство порача дека заврши времето кога се избирале судии од тефтерчињата на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, но овие судии уште судат, иако четворица од нив беа споменати и во посебен извештај на Специјалното јавно обвинителство. Сепак Министерката вели дека тие …

Министерката нема надлежност за судиите кои суделе по нарачка Read More »

Ветерот го загади воздухот во Центар


Загадувањето на воздухот значително се искачи по ветерот што го зафати Скопје. Највпечатлива промена во воздухот има во центарот на Скопје. Овие податоци се според апликацијата МојВоздух.мк Ветер со брзина над 95 километри на час го зафати скопскиот, но и источниот дел од земјава. Од УХМР информираат дека силен ветер од северен правец ќе дува …

Ветерот го загади воздухот во Центар Read More »

Дескоска ургирала за екстрадиција на Даравелски


Министерството за правда нема одговор на барањата за екстрадиција ниту едно од барањата за екстрадиција на лицата кои се засолнети во соседните држави, а во Македонија се обвинети за кривични дела. И по половина година од одлуката на грчкиот Врховен суд кој одби да ги екстрадира главните обвинети за масовното прислушување, поранешните разузнавачи, Горан Грујевски …

Дескоска ургирала за екстрадиција на Даравелски Read More »

АВМУ: Прекршочни пријави за 1ТВ и ТВ Сонце за недозволено референдумско рекламирање


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ќе покрене прекршочни постапки против 1ТВ и ТВ Сонце за констатирани прекршувања на референдумското рекламирање во периодот од 15. до 20 септември годинава. – АВМУ констатираше дека по јавното укажување од 14 септември, два радиодифузери од оние кои се предмет на надзор за начинот на покривање на …

АВМУ: Прекршочни пријави за 1ТВ и ТВ Сонце за недозволено референдумско рекламирање Read More »

Бејли: Македонија е на крстосница, одлуката на референдумот е многу важна


Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли смета дека одлуката што македонските граѓани треба да ја донесат на референдум е многу важна и затоа се надева дека ќе излезат и ќе го кажат своето мислење. – Драго ми е што сум овде на оваа крстосница на Македонија, во време кога Македонија е на крстосница и многу важната …

Бејли: Македонија е на крстосница, одлуката на референдумот е многу важна Read More »

(Видео) На велосипед од Велес до Брисел против ракот и за успешен референдум


Педесет и седумгодишниот Ване Михајловски на 5 септември замина од својот Велес за Брисел, каде вчера пристигна за да ги пренесе двете пораки што му лежат на срце: не плашете се од ракот, тој може да се победи и гласајте “за“ на 30 септември за подобро здравство и поквалитетен живот. Ване го сретнавме во дождливиот …

(Видео) На велосипед од Велес до Брисел против ракот и за успешен референдум Read More »

Ветер со брзина од над 95 километри во Скопје


Ветер со брзина над 95 километри на час го зафати скопскиот, но и источниот дел од земјава. Од УХМР информираат дека силен ветер од северен правец ќе дува до крајот на денот. На моменти ќе надмине и над 95 километри на час. Ветерот ќе продолжи да дува и во текот на утрешнит ден, но со …

Ветер со брзина од над 95 километри во Скопје Read More »

Поднесено обвинение против поранешниот директор на СОЗР


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до скопскиот Кривичен суд поднесе обвинителен акт против поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи, Васе Доневски, и уште едно лице,  поради кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. – Во периодот од јуни до август 2015 година, првоосомничениот како директор на владина …

Поднесено обвинение против поранешниот директор на СОЗР Read More »

Заев: Политиките на пријателство даваат резултати


Политиките на градење пријателство даваат резултати. Со Република Бугарија само за една година имаме 12 отсто поголема трговија, а верувам дека така ќе биде и со Република Грција, истакна претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на средба со битолските стопанственици. Според премиерот со реализацијата на договорот со Република Грција се очекуваат сериозни придобивки …

Заев: Политиките на пријателство даваат резултати Read More »