ДУИ бара „Бадентер“ за избор на шефот на новото обвинителство


Пратеничката група на ДУИ бара шефот на новото обвинителство за организиран криминал и висока  корупција да се избира со двојно или Бадентерово мнозинство, иако со новиот предлог-закон што го подготви владата е предвидено оваа постапка да оди преку Советот на обвинители, а не преку парламентот.

Во однос на резервата што беше искажана за предлогот на премиерот Зоран Заев обвинителката Вилма Русковска да биде прв човек на обвинителството, претеникот Артан Груби рече:

-Немаме резерва кон ниту една личност, но работа на Советот на обвинители е да избира обвинител, не е работа на Ахмети, Груби, Џафери. Па зашто да не е и Албанец новиот обвинител.

Груби појасни дека барањето за Бадентер го темелат на претходното решение кога специјалната обвинителка Катица Јанева беше избрана со двојно мнозинство, ама во парламентот, согласно со посебниот Закон за СЈО, кој сега би бил „суспендиран“, со очекуваното влегување на оваа институција во редовното обвинителство.