Утре попладне посебен сообраќаен режим поради „Скопје Прајд 2026“


Во Скопје утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржувањето на Парадата на гордоста „Скопје Прајд 2026“, која годинава се организира под мотото „Сите нека знаат“. Настанот е најавен како протестен марш посветен на човековите права, еднаквоста и достоинствениот живот на ЛГБТИК+ заедницата во земјава. Организаторите велат дека годинашниот марш ќе испрати пораки […]

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник


Под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник, како еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција. Пред претставници на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис-секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово […]

Без вода утре поголем дел од центарот на Скопје


Поради дефект на затварачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и „Кеј Димитар Влахов“, утре од 09  до 22 часот без вода ќе останат повеќе објекти во централното градско подрачје.  Според информациите од „Водовод и канализација“ без вода ќе бидат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската Библиотека, Универзитетот Св. “Кирил и Методиj”, […]

Привремен сообраќаен режим утре од 6 до 12 часот во Претор крај Преспанското Езеро


 Општина Ресен известува дека, утре, во терминот од 6 часот наутро до 12 часот напладне, во Претор на брегот на Преспанското Езеро, ќе има привремен сообраќаен режим поради организирање спортски настан, рекреативна трка. Од секторот за односи со јавност нагласуваат дека влезот преку селото Асамати кон Претор ќе биде отворен само за возила за итни […]

Почина еден од обвинетите за трагедијата во „Пулс“


  Главниот инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување во времето на трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ , почина додека беше во куќен притвор. Љупчо Грнчиштаров беше обвинет во големиот предмет што се води против 35 обвинети, меѓу кои и функционери во државни институции и три фирми, а сите се товарат за исто кривично дело […]

Топло време за викендот, од понеделник услови за дожд


 о текот на викендот времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала локална облачност во претпладневните часови. Попладне се очекуваат услови за краткотрајна локална нестабилност, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурите ќе бидат летни, со вредности кои ќе се движат во висок интервал, при што максималните дневни температури во делови од земјата ќе […]

Партијата на Турците, ТХП, незадоволна од законот за правична застапеност


  Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, поднесен до Собранието на Република Северна Македонија, иако декларативно има за цел да обезбеди правична застапеност на сите етнички заедници во државните институции, предизвикува сериозни дилеми како во однос на начинот на неговото подготвување, така и во однос на неговата содржина, вели во соопштение Партијата за движење на […]

Дел од населбата Карпош 1 денеска без вода


Поради дефект на приклучна водоводна цевка на бул. „Партизански одреди“ 48 А денеска прекинато водоснабдување ќе бидат делод корисниците на улицата „Мајаковска“ и дел од булеварот „Партизански одреди“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на работните активности.

Сончево и топло, попладнe можен краткотраен пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови. Во […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 19  јуни 2026 година, 170-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  195 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Министерот Љутков пловеше по Вардар


Министерот за култура Зоран Љутков денес како учесник ја промовираше 26. Вардарска регата „Гемиџии“ 2026. – Пловам по Вардар, следејќи го патот на Гемиџиите, со длабока почит кон нивната храброст, идеалите и трагата што ја оставиле во историјата. Ова не е само пат по вода, ова е пат низ спомени, вредности и пораки кои и денес […]

Берово доби бесплатен јавен Wi-Fi на градскиот плоштад


Граѓаните и посетителите на Општина Берово од денеска можат да користат бесплатен јавен Wi-Fi на Градскиот плоштад „Димитар Беровски“, како дел од регионалната иницијатива за дигитална поврзаност WiFi4WB. Проектот е финансиран од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од страна на GIZ во рамки на програмата EU4Digital. Неговата цел е […]

Градежни работи на пругата Скопје – Велес, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови


Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура информира дека поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат следниве патнички возови: На релација Скопје – Гевгелија: 611 (06.20) и […]

Тркалезна маса: На пензионерите треба да им се даде можност да работат и да ја задржат пензијата


Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола Мемов учествуваше на тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Северна Македонија за приватно обезбедување, наведува Фондот на ПИОМ во соопштение .  Целта на настанот, […]

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6


 Бројот на умрените лица во 2025 година е 20 287 лица, што претставува зголемување од 0.4 % во однос на 2024 година. Поголем број умрени лица, т.е. 10 498 се од машки пол наспроти 9 789 жени. Умрени доенчиња се 62, а нивното учество е 0.3 % на 100 умрени лица, покажуваат податоците за морталитетот […]

Јаневска: Нема отпуштање наставници


Владата почнува со оптимизација на училишната мрежа, која е неопходна. Со помош на УНИЦЕФ се прави обид да се спроведе во изминатите седум години, но никој не ја почнал. Нема отпуштање наставници, туку само прераспределување на часовите за сите да имаат оптимален број. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи […]

Тошковски најави поостри казни за тротинетите, ќе се зголеми и старосната граница


Се подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Владата на презентацијата на националниот проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“. Тој информира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ […]

Сончево и топло до 37 степени до средината на наредната недела


Од денеска до средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност, соопшти УХМР. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Утринските температури ќе […]

Без вода дел од улицата Димитрие Чуповски во Скопје


Поради интервенција за менување вентил, денеска ќе има прекин на водоснабдувањето на дел од улицата „Димитрие Чуповски“ во централното градско подрачје, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Како што информираат надлежните служби, без вода ќе останат корисниците на потегот од улицата „Македонија“ до Министерството за правда, во близина на бурекџилницата „Рекорд“. Прекинот ќе […]

Променливо облачно и топло, дневната температура од 26 до 34 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер до 40 километри на час од северен правец, особено во источните делови од државата. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје ќе биде променливо […]