Зголемен број на лица кои побарале помош во Гостивар, двајца хоспитализирани
Во текот на вчерашниот ден порасна бројот на новопрегледани пациенти – лица што првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис – покажуваат податоците од јавните здравствени установи во Гостивар.
Како што информира Министерството за здравство, во неделата евидентирани се 127 нови случаи. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар се прегледани се 91 нов пациент од кои 41 на инфективното одделение, 50 на педијатриското одделение, а немало ни еден пациент на Ургентниот центар. На инфективното одделение се примен е еден нов пациет, а еден на педијатриското одделение.