СДСМ бара кривична одговорност за министерот Сашо Клековски


Министерот за здравство, Сашо Клековски (Фото: Б. Грданоски)

 

Бројките се намалуваат, но се многу големи: До вчера 4.070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош поради затруена вода со фекалии, а само во неделата се регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано.

„Министерот за здравство, Сашо Клековски, самиот призна дека ‘црвените светла’ во Гостивар се запалиле со задоцнување“, рече денеска на прес-конференција Маја Борозан од СДСМ. „Тоа признание не ја намалува вината. Напротив, ја потврдува.лековски призна дека институциите задоцниле во реакцијата, но тоа не го кажа затоа што сакаше да ја соопшти вистината, туку затоа што веќе не можеше да ја сокрие неспособноста“, рече Борозан.

Таа наведе дека првите симптоми кај граѓаните се појавиле уште на 14 јули, кога во болницата се јавувале околу 200 пациенти со исти симптоми. Наместо итна реакција, епидемија беше прогласена дури на 19 јули. Пет дена институциите молчеле, не презеле мерки, додека стотици граѓани се разболувале.

А Центарот за јавно здравје Тетово водата ја прогласил за безбедна. Целосен институционален неуспех и системски колапс на Владата на Мицкоски“, рече Борозан.

Признанието на Клековски е најсилна потврда – не е само за политичка туку и за кривична одговорност.

Цел еден град е отуен, мора кривично да одговараат.

СДСМ бара кривична одговорност за министерот Сашо Клековски и директорите на локални центри за јавно здравје.