Обвинителството ги истражува тендерите на Општина Битола


Финансиската документација од Општина Гостивар, тендерите за набавка на хлор, распишани пред јавноста да биде информирана за епидемијата, како и наредбите и комуникацијата меѓу општината и ЈП „Комуналец“ се дел од документацијата ја побарало Основното јавно обвинителство во Гостивар во рамки на истрагата.

Според неофицијални извори , дел од бараната документација сè уште се очекува, додека други документи веќе се доставени до обвинителството и се предмет на анализа. Ќе се спроведе и финансиско вештачење, а документите од Општина Гостивар ќе се споредуваат и вкрстуваат со документацијата од гостиварскиот водовод, Центарот за јавно здравје Тетово и извештаите доставувани до Институтот за јавно здравје.

До обвинителството, според информациите, пристигнале и резултатите од деветте земени примероци. Од нив, само еден, од една чешма, бил оценет како исправен.

Досега осомничени се три лица – Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, сите на раководни позиции во ЈП „Комуналец“. Тие се наоѓаат во 30-дневен притвор.

Од Основното јавно обвинителство во Гостивар потенцираат дека истрагата може да се прошири и на други лица, доколку во текот на постапката бидат обезбедени докази за нивна евентуална инволвираност.