Скопје домаќин на годишната конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа


 Независноста на судството, довербата на граѓаните и потребата од подобра комуникација меѓу судиите и јавноста се во фокусот на XVI Годишна конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа, што се одржува денеска и утре во Скопје. На денешното отворање на конференцијата, учесниците нагласија дека без силна јавна поддршка, судската независност и […]

На „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” за влез во државава се чека половина час


На граничните премини „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.  Сообраќајот на државните патишта се одвива […]

Без струја три улици во Карпош


Без електрична енергија  денеска од 09.00 до 14.00 часот ќе бидат дел од корисниците на ул.„Ангел Динев“ ( ОУ „Димо Хаџи Димов“), дел од ул.„Мраморец“ бр.7,9,11,13,15,17,19,21,23,25,27,29,52,53,55,57,59, како и дел од ул.„Есперанто“ во општина Карпош. За прекинот во снабдувањето со електрична енергија информира РЦУК – Скопје, пренесувајќи известување од ЕВН Македонија.

Сончево претпладне, попладне дожд и грмежи


Времето претпладне ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 22 јуни 2026 година, 173-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  192 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]

Коалицијата на СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судската и обвинителската служба


  Пратеничката група на СДСМ и коалицијата, по темелна анализа и врз основа на директните забелешки и предлози од синдикатите и претставниците на судската и јавнообвинителската служба, поднесе вкупно 82 амандмани на предложените законски решенија за судската и јавнообвинителската служба. Од нив, 55 амандмани се однесуваат на Законот за судска служба, 27 на Законот за […]

Гневот на сточарите не може да се запре – најавуваат протест за 30 јуни


  БИТОЛА – Сточарите од Пелагонија најавуваат протест за 30 јуни ако дотогаш не им се исплатат субвенциите по грло говедо и премијата за млекото. Здружението на сточари од Пелагонија „Пелагониско поле“, ги повикува сите сточари и земјоделци кои не се задоволни од исплатата на субвенциите да им се придружат на протестот во Битола со […]

Почина новинарката Билјана Мартиноска


  Денеска на 76 години по кратко боледување почина новинарката Билјана Мартиноска. Мартиноска, која работниот век го помина во „Нова Македонија“, беше дел од онаа генерација новинари кои беа целосно предадени на својата професија. Веста за смртта на Билјана Мартиноска ја објави нејзината ќерка, проф.д-р Ана Мартиноска. Во својата интимна и емотивна објава меѓу другото […]

Човек од Македонија ја убил Гркинката на Крит


  Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во близина на градот Ханија на грчкиот остров Крит. Сатврула Левендаки исчезна на 30 мај годинава, a нејзиното тело беше пронајдено утрово. За исчезнувањето на жената од селото Агиа кај Ханија на почетокот на месецов […]

Летото почнува со температура до 37 степени


  Летото започнува денеска. Тоа ќе пристигне во северната хемисфера во 10,24 часот и денешниот ден ќе биде најдолго во годината 15 часа и 14 минути. Синоптичарите најавуваат многу топло време и температура до 37 степени. Можно е во попладневните часови, главно во северозападните делови од земјата, да има нестабилност проследена со слаб локален дожд, […]

Повреден пожарникар при гаснење пожар во Визбегово


Центар за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека при денешната интервенција на пожар во селото Визбегово, Општина Бутел, во кој гореле дива депонија и сува трева, дошло до ненадејна експлозија, при што е повреден еден пожарникар. -Неговата состојба е стабилна и тој е вон животна опасност. Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека […]

Почна изградба на градинката „Пролет“ во Козле со капацитет за 130 деца


Почна изградба на нова градинка „Пролет 2“ во населба Козле во општина Карпош, инвестиција на Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади.   На поставувањето камен-темелник присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој истакна дека со изградбата на објектот ќе бидат обезбедени современи услови за децата, а тоа е, рече, „наш врвен приоритет во Општина […]

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер


Времето и утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи, соопшти УХМР. Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма […]

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава


На граничните премини “Богородица” и ”Дојран” има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта […]

Без струја дел од Кисела Вода


Без струја денеска ќе бидат дел од жителите на скопската населба Кисела Вода. -Без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08:30-15:30 часот на ул.Герника 1,2,3,4,5,6,7,8,9 и 10, ул.Иван Хаџиниколов 1,3,5,7 и 9 и дел од ул.Методија Патчев и ул.Амтон Димитров (општина Кисела Вода), соопшти РЦУК по добиено известување од ЕВН. 

Ѝ албанската влада го одобри „One Stop Shop“ со Македонија


 Албанската влада на седница го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Македонија. -Според одлуката, договорот има за цел создавање заеднички гранични премини меѓу двете земји и развивање координирани процедури за гранична контрола, со цел олеснување на движењето на патници и стоки, како и зајакнување на прекуграничната […]

ОЈО ГОКК ја презема истрагата за палењето на возилата на бугарската амбасада


Загрозени биле лица под меѓународна заштита – ОЈО ГОКК ја презема истрагата за палењето на возилата на бугарската амбасада. Основното јавно обвинителство Скопје му ја предаде истрагата за палењето на двете дипломатски возила на бугарската амбасадата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ОЈО ГОКК. „Постапувајќи по поднесената пријава во врска со […]

Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите


Институтот за јавно здравје соопшти дека во земјава е регистриран прв случај на Зика вирусна инфекција во земјава. Ризикот за населението во моментов се оценува како низок  -На ден 17.06.2026 година, од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ доби информација за конфирматорен позитивен наод на зика […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 19  јуни 2026 година, 171-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 194 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Сончево и топло време


Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи за во текот на денов. Се очекува минимална температура во интервал од 8 до 18, а максимална од 30 до 35 Целзиусови степени. Според синоптичарите, во Скопје времето ќе биде сончево и […]