Утре Отворен ден во Карпош, граѓаните за проблемите ќе разговараат со градоначалникот


Фото: Б. Грданоски

Општина Карпош ги поканува сите граѓани да присуствуваат на Отворениот ден што ќе се одржи утре, 29 јули, од 13:00 до 17:00 часот, во холот на општинската зграда.

На настанот, граѓаните ќе имаат можност директно да се сретнат со градоначалникот Сотир Лукровски, како и со раководителите на општинските сектори, да постават прашања, да предложат идеи, да дадат предлози или да покренат иницијативи поврзани со функционирањето и развојот на општината.

Од локалната самоуправа посочуваат дека целта е да се поттикне непосредна комуникација со жителите и да се слушнат нивните потреби и предлози.