Без вода селата Крушопек и Лака


Фото: Б. Грданоски

 Поради дефект на водоводна цевка Ф200 мм на улица 1 бб во село Крушопек (по мостот), денеска без вода ќе останат корисниците од селата Крушопек и Лака во општина Сарај.

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9:00 часот до завршување на работните активности.