Прекин на електрична енерија за дел од корисниците на општина Бутел


Дел од корисниците во општина Бутел денеска ќе имаат прекин во електричната енергија, информира ЕВН Македонија. Без струја во периодот од од 9:00 до 12:15 часот ќе бидат корисиците од с.Радишани 7, ул.56 во Радишани и Бутел.  Прекинот, како што информираат од ЕВН Македонија е поради извршување на замена на постоечкиот дрвен столб со ногара. 

Сончево и многу топло, до 39 степени


 Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 6 август 2026 година, 218-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 147 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 32 минути, а ќе зајде во 19 часот и 47 минути. Денов трае 14 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]

Делови од Центар и Кисела Вода утре без вода


ЈП „Водовод и канализација“ известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Центар и Кисела Вода. Како што информираат од таму, поради уличен дефект ф-80мм на улица „Рајко Жинзифов“ бр.32, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица “Рајко Жинзифов“, дел од улица „Владимир Полежиновски“, дел од улица „Стефан […]

СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог


Во болницата во Гостивар, среде епидемија предизвикана од загадена вода, дежура еден специјалист инфектолог,  четворица специјализанти и дерматолози, се наведува во соопштението од СДСМ. „Ова е состојбата на здравствениот систем што треба да се справи со масовно труење на граѓаните. Пациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово – затоа што и болницата им е отруена. […]

Најголем дел од пациентите сo западнонилска треска се од Скопскиот регион и Велес


 Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека скоро сите случаи со западнонилска треска во земјава се од Скопскиот регион и Велес, како и дека веќе се направени вонредни прскања, а проверени е дали општините ги запазиле планираните редовни прскања против комарци.  – Минатата година скоро сите случаи беа во Јужна Македонија, сега скоро сите […]

Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август


Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август, најави вечерва министерот за здравство Сашо Клековски, додавајќи дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира. Клековски, гостувајќи во емисијата „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“, рече дека земјата излегува од акутната фаза и дека бројот на новопријавени пациенти со стомачни проблеми […]

Перински ќе ги „чешла“ трошоците за лекувања во странство и боледувањата


Надминување на проблемот со големиот одлив на средства за лекувања во странство и за ортопедски помагала, како и промена на системот на контрола на боледувањата ќе бидат во фокусот на работењето на директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински. Според него, во делот на лекување во странството, во делот на боледување и во делот […]

Вардар ги пушти во продажба билетите за дербито со Шкендија в недела


В недела од 17 часот се игра големото дерби во првата лига помеѓу двата најголеми конкуренти за титулата, Вардар и Шкендија. Од последниот дуел на Вардар и Шкендија во мај 2026; Фото: ФК Вардар Скопје Откако во претходно прво коло Вардар ги отвори вратите за дуелот со Брегалница, за големото дерби сепак одлучи да ги […]

Пеколните горештини продолжуваат и следната недела – температури до 40 степени Целзиусови


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и температури до 39 степени Целзиусови.  Оттаму посочуваат дека попладнето, во планинските региони, ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, сончево и […]

ДУИ: Поскапувањето на дизелот во Македонија – четирипати поголемо од просечното во ЕУ!


За помалку од еден месец, цената на дизелот се зголеми од 82,5 на 99,5 денари за литар. Тоа се цели 17 денари повеќе, односно зголемување од 20,6 отсто. Зголемувањето во Северна Македонија е приближно четири пати поголемо од просечното зголемување забележано во земјите на Европската Унија во истиот период, се вели во соопштението од ДУИ. […]

Двајца државјани на Србија се тешко повредени во сообраќајката на патот Прилеп-Битола


БИТОЛА – Двајца државјани на Србија се тешко повредени во сообраќајната незгода што утрово се случи на патот Прилеп-Битола, дознава „Независен“. Еден од повредните според неофицијални извори наводно бил со дипломатски пасош, вработен во Министерството за надворешни работи на Србија.  „Независен“ дознава дека итна операција е изведена на еден од српските државјани, додека операционен зафат […]

Утре ќе биде затворен преминот преку пругите на „Перо Наков“


Град Скопје и Општина Гази Баба ги известува граѓаните дека на 06.08.2026 година (четврток), во периодот од 08:00 до 16:00 часот, ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје ќе изведува работи за санација на патниот премин на улица „Перо Наков“, во непосредна близина на Железничката станица Маџари.   За време на изведувањето на работите, сообраќајот на улица […]

Училиштен прибор и ранчиња за секое прваче во Карпош – ни едно дете не ги носи


Години наназад, скопските општини обезбедуваат ранчиња и прибор за првачињата, што градоначалниците им ги делат на првачињата на првиот училишен ден. Денеска и Општина Карпош се пофали дека на почетокот на новата учебна година ќе ги пречекаат најмладите ученици кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училишен прибор. […]

Во јули собрани 15.735 тони комунален отпад – замислете колкава ќе беше тонажата, ако ги собраа и остатоците од невремето!


Во текот на месецот јули, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнале и транспортирале 15.735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. -Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето […]

Тешка сообраќајка на патот Битола-Прилеп, девет лица се повредени


БИТОЛА – Тешка сообраќајка се случила утрово на патот Прилеп – Битола при судир на четири возила, во близина на мостот на Шемница. Според Клиничка болница Битола – во болницата се пренесени девет лица со повреди и пружена им е лекарска помош. Од повредените има и странец од Србија. „Едно лице поради сериозноста на повредите […]

Уште едно игралиште за деца во Ново Лисиче, а ни едно не е осветлено навечер


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески утрово сподели дека во паркот покрај булеварот „Февруарски поход”, започнала изградбата на ново современо детско игралиште, кое ќе биде едно од вкупно десетте нови детски игралишта што ќе бидат изградени низ општината. „Проектот е дел од нашата заложба секое маало да добие безбеден и квалитетно уреден простор каде што […]

Владата набавила вода од „Кожувчанка“, но по цена од 12,5 денари


Владата одговори на обвинувањата на СДСМ, дека склучен е договор со „Кожувчанка“ за набавка на вода за пиење за граѓаните на Гоствиар, но вели дека водата што во малопродажба ќини 25 денари, тие ја набавиле за 12,5 денари, а компанијата учествува со свој придонес. „Владата останува доследна на преземената обврска дека граѓаните на Гостивар ќе […]

Охрид ќе добие Почесен конзулат на Казахстан


Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Казахстан во Северна Македонија, Сатибалди Буршаков, кој престојува во прва официјална посета на Охрид. На средбата амбасадорот Буршаков го изразил своето воодушевување од природните и историските убавини на Охрид, како и од богатата културна понуда што градот ја нуди во летниот период. Во рамки […]

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека го нарекувал „циган“, тој пак, бил нарекуван „шиптар“


  Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди случај на вознемирување врз основа на раса, боја на кожата, потекло и етничка и национална припадност во работата и работните односи, сторена од шеф кон работник од ромска националност.   Имено, при настанат спор меѓу колеги, Ром и Албанец, поради тоа што лицето од ромска припадност за […]