Во јули собрани 15.735 тони комунален отпад – замислете колкава ќе беше тонажата, ако ги собраа и остатоците од невремето!
Во текот на месецот јули, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнале и транспортирале 15.735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

-Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. Најголемо количество отпад од јавни и сообраќајни површини – 255 кубни метри, се подигнати во општината Кисела Вода – информираат од Јавното комунално претпријатие.

Во истиот период, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 11 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти кои биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.
Овој комунален отпад не може да влезе во ист кош со остатоците од невремето, но „паркови и зеленило3 заедно со „Комунална хигиена“ досега требапше да ги отстранат сите паднати покриви, расфрланото ѓубре и секако – паднатите дрвја.
Поголемиот дел од нив се поттурнати на тротоарите или теносното зеленило покрај нив. Некои се исечени од гранките, но купишта гранки и грмушки, како и трупци стојат нечепнати од 21 јули, откако за 15 минути, околу 200 дрвја (според официјалните податоци, а веројатно се и повеќе) попаднаа во главниот град.
Ни едно јавно претпријатие во Градот, како и дополнителните во надлежност на општината нема толкава механизација за подигање и отстранување на дрвјата, но досега (поминаа веќе две недели) граѓаните очекуваа да видат чисти и средени улици, тротоари, патеки и паркови.(Б.Б.)