Владата набавила вода од „Кожувчанка“, но по цена од 12,5 денари
Владата одговори на обвинувањата на СДСМ, дека склучен е договор со „Кожувчанка“ за набавка на вода за пиење за граѓаните на Гоствиар, но вели дека водата што во малопродажба ќини 25 денари, тие ја набавиле за 12,5 денари, а компанијата учествува со свој придонес.
„Владата останува доследна на преземената обврска дека граѓаните на Гостивар ќе добиваат безбедна вода за пиење сè додека стручните лица и надлежните институции официјално не потврдат дека водата од водоводниот систем е исправна за употреба. Ова ветување целосно се исполнува и нема да биде доведено во прашање.
Во однос на набавката на флаширана вода, точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата „Кожувчанка“. Но, исто така е факт дека шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го набавува по цена од 12,5 денари. Тоа е возможно затоа што компанијата „Кожувчанка“ учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба“, соопштија од Владата.
СДСМ: Владата склучила договор вреден 100.000 евра за вода со „Кожувчанка“