СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог
Во болницата во Гостивар, среде епидемија предизвикана од загадена вода, дежура еден специјалист инфектолог, четворица специјализанти и дерматолози, се наведува во соопштението од СДСМ.
„Ова е состојбата на здравствениот систем што треба да се справи со масовно труење на граѓаните.
Пациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово – затоа што и болницата им е отруена.
Додека ова се случува:
• Мицкоски и Клековски се на екскурзија.
• Тошковски, откако го спроведе хиперхлорирањето, сега како „искусен експерт“ им предлага на граѓаните да ги испуштаат цевките – да го испуштат проблемот со бактеријата.
• Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата е технички исправна. Напротив – беше потврдено присуство на бактерија (вклучително и од директорот Стојанче Ангелов).
• Тошковски сега најавува нови анализи на водата – затоа што досега очигледно не биле правено како што треба.
Граѓаните се трујат.
Болницата е преоптоварена.
Пациентите се возат во друг град. А Мицкоски и неговата екипа на екскурзија.
Ова не е кризна состојба, ова е целосен колапс на одговорноста“, се вели во соопштението на СДСМ.