Делови од Центар и Кисела Вода утре без вода
ЈП „Водовод и канализација“ известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Центар и Кисела Вода.
Како што информираат од таму, поради уличен дефект ф-80мм на улица „Рајко Жинзифов“ бр.32, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица “Рајко Жинзифов“, дел од улица „Владимир Полежиновски“, дел од улица „Стефан Јакимов-Дедов“ и дел од улица „Борка Талевски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со активностите.
Исто така, поради уличен дефект ф-100 милиметри на улицата „Драчевска“ бб (во близина на црквата), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.