Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба


Општина Гази Баба утре ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места и Сингелиќ, во кои загинаа 22 лица. На настанот ќе им биде оддадена почит на загинатите и ќе биде испратена порака дека споменот, солидарноста и одговорноста се трајна обврска.  – […]

Без вода утре дел од скопско


ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Студеничани. Оттаму информираат дека поради дефект на затворач од ф-100 милиметри на улицата „1“ во село Морани кај кружниот тек, без вода ќе останат корисниците од село Морани.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување […]

Се санираат повеќе детски игралишта, спортски терени и урбана опрема низ Кисела Вода


Во насока на обезбедување на квалитетен и функционален јавен простор кој ќе стои на располагање на сите генерации, Општина Кисела Вода континуирано работи на санација и реконструкција на урбаната опрема и на опремата во детските катчиња на целата своја територија. Од Општина Кисела Вода информираат дека општинските служби интервенираат на повеќе локации, следејќи ја реалната […]

ЦУК: Регистрирани се осум пожари на отворено до 13 часот


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор од кои два се активни, еден е под контрола, а пет се изгаснати. Активни пожари има на територијата на Општина Македонски Брод кај селото Грешница, каде што горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и […]

Моторички парк на Водно никнува од паднатите дрвја во невремето


Градот Скопје продолжува со активностите за санација на последиците од силното невреме што неодамна го зафати главниот град, при што покрај расчистувањето на штетите, се реализираат и проекти кои создаваат нова вредност за граѓаните, тврдат од таму. Наместо здравите делови од дрвјата што беа соборени од невремето да завршат како отпад, тие добиваат нова намена. […]

Истекува рокот за куќниот притвор на Артан Груби, обвинение се уште нема


До 22 август е максималниот рок за притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ и доколку не се подигне обвинение против него, можно е тој да биде пуштен од куќен притвор,објави СДК. –Ако нема обвинение, куќниот притвор на осомничениот му се укинува и Основниот кривичен суд Скопје по службена должност одредува мерка за обезбедување […]

Полицајците добија откази, а Обвителството ја отфрли кривичната пријава од Тошковски за наводни злоупотреби


Случајот со наводното селективно и незаконско давање дозволи за поседување оружје, кој министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го најавуваше на телевизиските гостувања, доби правна разрешница. И покрај тоа што 15 полициски службеници добија откази, а министерот зборуваше за големи злоупотреби, односно дека се давале дозволи за поседување оружје на луѓе кои немале законско право […]

Дури 4.900 првачиња помалку годинава од лани


Во учебната 2026/2027 година ќе има помалку ученици. Бројот не е конечен затоа што претстои трет упис во средно, каде што намалувањето не е драстично како во основните училишта. Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека значително помалку основци ќе следат настава од септември затоа што за разлика од лани, годинава се запишале […]

Завршени вонредните инспекциски надзори за лекувањето на пациентката од Струмица – заклучоци нема


Министерството за здравство ја информира јавноста дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката С.М. била прегледувана, породена и понатаму лекувана.   Надзорите беа спроведени во Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија. Инспекторите извршија увид во здравствената евиденција и медицинската документација, а […]

Што гледаат жителите на Аеродром – што пробува Митески?


„Колку време треба да помине за конечно некој да излезе на терен и да го расчисти хаосот по невремето?“, прашува една жителка на Општина Аеродром, на Фејсбук групата „Општина Аеродром – пријави проблем“, а во прилог додала десетина фотографии од попадната дрвја, исечени на трупци, околу градинката „Срничка“, како и паднати канделабри.        […]

Ќе го смири ли казната од 250 евра врсничкото насилство во училиштата


Булингот, врсничкото насилство, онлајн или во живо, го подигна алармот за преземање мерки од страна на државата, а не како досега, со повремени кампањи, често финансирани од општествено одговорни компании или меѓународни организации. Случаите на физичко насилство, кога поголеми ученички тепаа и малтретираа помали од нив, терајќи ги да ги молат или да јадат измет, […]

Пациентите со рак протестираа пред МЗ на 40 степени – терапија е обезбедена


Пациентите на онкологија денеска одржаа протест пред Министерството за здравство, барајќи решенија за континуираниот недостиг на терапија на Клиниката за онкологија, а беа примени од заменик-министерот за здравство Јовица Андоновски. Во моментот проблемот со терапијата во Клиниката за онкологија е надминат, информираа од  „Пеперутки“, затоа што дел од терапијата веќе е пристигнат, а остатокот се […]

Во тек е исплатата за јули на правата од социјална и детска заштита


Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и […]

Просечната оценка од полагањето на сите три типа матура е 3,66


 Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори. Новина […]

Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран


Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот, информираат од локалната самоуправа. -Општина Центар е на терен со конкретни мерки  делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат […]

ЛДП: Држава што не обезбедува лекови за најтешко болните да не зборува за успеси во здравството


Либерално-демократската партија (ЛДП) изрази поддршка за онколошките пациенти кои за утре најавија протест пред Министерството за здравство, оценувајќи дека е недозволиво пациентите повторно да остануваат без неопходната терапија. Во соопштението, ЛДП наведува дека уште минатата година предупредувала оти недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем за кој, како што велат, […]

Трифуновски: Наместо да ја обнови старата железница, власта планира ново задолжување од 2,5 милијарди евра


Наместо да ја реконструира и модернизира постојната железничка инфраструктура, Владата планира ново огромно задолжување од 2 до 2,5 милијарди евра за таканаречена брза пруга, проект кој ќе го плаќаат граѓаните, рече организацискиот секретар на СДСМ Зоран Трифуновски, во „Тема на денот“ на Сител.   Тој посочи дека решението не е во нови милијарди кредити, туку […]

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август


Министерот Клековски вчера објави: анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август. Трујат луѓе со месеци. Епидемија на жолтица. Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели, стои во соопштението на СДСМ. „Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“? Единствен одговор: Затоа […]

Регистрирани 20 пожари на отворено – 18 се изгаснати, еден е активен, а еден е под контрола


Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани изминатото деноноќие до 07:30 часот изутринава, од кои еден е активен, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен пожар има во општина Македонски Брод во село Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде годи ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под […]

Онколошките пациенти денес ќе протестираат пред Министерството за здравство


Онколошките пациенти денес симболично ќе протестираат пред Министерството за здравство поради повторениот недостиг на лекови на Клиниката за онкологија. Поради високите температури, на протестот ќе присуствуваат само неколку пациентки, со цел уште еднаш да укажат на проблемот со честите прекини во снабдувањето со терапија. Ана Марјановиќ од здружението „Хема-Онко“, која и самата е онколошка пациентка, […]