Без вода утре дел од скопско


Фото Б. Грданоски

ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Студеничани.

Оттаму информираат дека поради дефект на затворач од ф-100 милиметри на улицата „1“ во село Морани кај кружниот тек, без вода ќе останат корисниците од село Морани. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.