СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август


Министерот Клековски вчера објави: анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август. Трујат луѓе со месеци. Епидемија на жолтица. Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели, стои во соопштението на СДСМ.

„Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“?

Единствен одговор: Затоа што Мицкоски лично рекол дека е исправна.

За да се претстави како спасител и да собере евтини политички поени.

Министерот за полиција Тошковски прави хиперхлорирање и им рече на граѓаните „пуштете ја водата да истече“.

Директорот Стојанче Ангелов јавно потврди дека има опасна бактерија во водата.

А сега ќе чекаме до 20 август да чуеме официјална анализа.

Власта си игра со животите на луѓето.

Ја отруја и болницата во Гостивар. Пациентите се префрлаат во Тетово.

Во болницата сред епидемија дежура еден инфектолог и неколку специјализанти – плус дерматолози како што објави ТВ 24.

Мицкоски труе народ.

Клековски, Тошковски и целата екипа ќе одговараат.

Ова повеќе не е неспособност туку свесно труење и целосно немање на одговорност, се вели во соопштението на СДСМ.