ЦУК: Регистрирани се осум пожари на отворено до 13 часот


Фото: Б. Грданоски

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор од кои два се активни, еден е под контрола, а пет се изгаснати.

Активни пожари има на територијата на Општина Македонски Брод кај селото Грешница, каде што горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и во Општина Гостивар кај селото Падалиште каде горат ниска вегетација и нискостеблеста шума.

Под контрола е ставен пожарот во Општина Делчево кај депонијата.

Како што информира ЦУК, изгаснати се пет пожари – во Општина Струга кај селото Долна Белица каде гореше дива депонија, во Општина Босилово кај селото Моноспитово, каде што гореше ниска вегетација, во Општина Валандово кај селото Севендекли, каде гореше мешана шума, во Општина Гевгелија помеѓу селата Селемли и Стојаково, каде гореше дива депонија и во Општина Гази Баба покрај пругата во наделбата Маџари, каде гореше ниска вегетација.