СДСМ: Владата склучила договор вреден 100.000 евра за вода со „Кожувчанка“


Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра, обвинува денеска опозициската СДСМ. „Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. […]

Сончево и многу топло


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени Целзиусопви. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 5 август 2026 година, 217-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 148 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 31 минути, а ќе зајде во 19 часот и 48 минути. Денов трае 14 часа и 16 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

(Видео) Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење


Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и смее да се користи исклучиво како техничка, соопшти раководителот на Управувачкиот комитет и министер за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево на прес-конференцијата по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи. Посочи дека квалитетот на водата и понатаму варира поради што остануваат во сила […]

До 18 часот регистрирани 14 пожари, активен е само еден


До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се ставени под контрола, а девет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Единствениот активен пожар е во Општина Ѓорче Петров, кај Стопански Двор, каде што гори сува трева и […]

Kривична пријава за насилство против стружанецот кој го навредувал Мицкоски


Полицијата поднела кривична пријава за насилство против стружанецот кој ја навредувал делегацијата која за Илинден беше во Ташмаруништа, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски. -ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 став.5 од Кривичниот законик. Тој, на 2 Август, во струшкото […]

Подметнат бил пожарот кај Кавадарци – уште не е изгаснат


Пожарот во кавадаречко е ставен под речиси целосна контрола и се очекува до крајот на денот целосно да биде изгаснат. Ова на заедничка прес-конференција го соопштија директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Ангелов истакна дека станува збор за исклучително тежок и комплексен пожар на непристапен и […]

„Марковски компани“ ги демонтирала погонските станици од „Осломеј“ и не ги монтирала во РЕК „Битола“, стои во вештачењето на обвинителството


  БИТОЛА – Шесте погонски станици кои фирмата „Марковски компани“ на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, ги демонтирала од РЕК „Осломеј“ биле расфрлени на шест локации во РЕК „Битола“ немонтирани и надвор од употреба. Ова го покажува вештачењето на експертите ангажирани од ОЈО за судскиот процес против биснисменот Марковски, до кое дојде „Независен“. „Во делот на […]

Орце Ѓорѓиевски како министер за здравство, дели парична помош на онколошки пациенти


Во следните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме финансиска поддршка за лицата кои водат една од најтешките животни битки. Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти кои аплицираа за еднократна парична помош […]

Уште 78 нови пациенти во Гостивар, намален вкупниот број прегледи


 Министерството за здравство денеска соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Вкупно 78 прегледи се регистрирани вчера, што е за шест помалку споредено со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек […]

На Инфективна уште еден сомнителен случај на западнонилска треска


Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај […]

Водата во Дојранско Езеро одлична за капење според микробиолошките индикатори


 Во одлична состојба е површинската вода за капење во Дојранското Езеро, согласно микробиолошките индикатори, посочуваат најновите резултати од земени мостри од Езерото, кои Општина Дојран ги објави денеска. Резултатите се од извршените анализи на три мерни места, соопштија од Општината, и тоа – “Градската плажа”, плажата “Гранико” и плажата “Полин”. Општинските власти велат дека анализите […]

Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте


Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош (ИМП) поради топлото време. Дневно има повеќе од 200 повици кои се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствена состојба на некои граѓани. Ова денеска за МИА го изјави Даниел Георгиевски од ИМП. Тој посочи дека бројот […]

Сообраќајна анархија: Полицијата во јули уапсила речиси 500 возачи и запленила 332 возила


  Во јули ,како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20.976 издадени платни налози (казни), 4.241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 […]

ЛДП предлага формирање на семејни центри за врсничко насилство во секоја општина


  По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција […]

Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин”, инвестиција од 5,99 милиони денари


Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин” се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри. Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од […]

Со месеци бесправно наплаќаше влез на Куклица, а сега заврши во притвор


Судот ѝ одреди мерка притвор на 41-годишна жителка на Кратово, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, поради основано сомнение дека сторила кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „узурпација“. Според информациите од Обвинителството, жената подолг временски период без законски основ го узурпирала локалитетот „Куклица“, кој има статус на споменик на […]

ИЈЗ со совети за жешкото и како да помогнете некому кој страда од горештините


Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. – Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста […]

Младите Македонци и Македонки од Хрватска ги чуваат своите корени и идентитет


Во преубавиот амбиент на Селце, успешно се одржа годинешната Летна школа за македонски јазик во Република Хрватска. Проектот, чиј носител е Заедницата на Македонците во Република Хрватска, а се остварува со финансиска поддршка на Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска, уште еднаш ја потврди својата непроценлива улога во зачувувањето на македонскиот јазик, идентитет и култура […]

До 07:30 часот утрово регистрирани 29 пожари на отворено, два се активни


 Центарот за управување со кризи соопшти дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу с. Раец и с. Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација), како и во Општина Прилеп (ул. „Дебарска“, м.в. Теке […]