До 18 часот регистрирани 14 пожари, активен е само еден


До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се ставени под контрола, а девет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Единствениот активен пожар е во Општина Ѓорче Петров, кај Стопански Двор, каде што гори сува трева и грмушки.

Под контрола се пожарите во Општина Кавадарци, на потегот меѓу селата Раец, Ќесендре и Дреново, во Општина Крива Паланка кај селото Мождивњак, во Тетово кај ресторанот „Сирач“ и во Општина Желино, кај селото Горна Лешница.

Во текот на денот целосно се изгаснати девет пожари во општините Чучер-Сандево, Карпош, Гази Баба, Битола, Прилеп, Струга и Теарце. објави Скопје1.мк