Уште 78 нови пациенти во Гостивар, намален вкупниот број прегледи


 Министерството за здравство денеска соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Вкупно 78 прегледи се регистрирани вчера, што е за шест помалку споредено со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи.

Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето, информираат од Министерството и додаваат дека во координација со надлежните здравствени установи, продолжуваат внимателно да ја следат состојбата и навремено ќе ја информираат јавноста за сите нови релевантни податоци.