Павле Трајанов – национален координатор за намалување на ризици


Владата, на денешната седница, го именува Павле Трајанов,за национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување ризици, несреќи и катастрофи. Трајанов е претседател на Демократскиот сојуз и поранешен пратеник и министер за внатрешни работи.

Заев на ФБ: Ќе ја убедиме ЕК за почнување преговори


  Со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан уште еднаш ќе ги потврдиме нашите партнерски односи на патот на исполнување на стратешката цел  – Македонија да стане членка на ЕУ, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил. Заев е во …

Заев на ФБ: Ќе ја убедиме ЕК за почнување преговори Read More »

Македонија втора во Западен Балкан по жени убиени со огнено оружје


По Косово, Македонија е втора земја од Западен Балкан по жени убиени со огнено оружје. Најголем дел се жртви на семејно насилство, покажа компаративното истражување на Центарот за контрола на мало и лесно оружје во Југоисточна Европа. Како што истакна на денешната трибина Бети Пеева од НВО „Ехо“-Штип, причина се конфликтите во земјите од регионот …

Македонија втора во Западен Балкан по жени убиени со огнено оружје Read More »

Членовите на ДИК за 18 месеци зеле 30 плати


Државна изборна комисија заклучи дека нема правна основа да се отповика одлуката за доделување на дополнителната плата што сами си ја доделија за „напорната“ работа пред и по локалните избори во октомври годинава. Поради тоа, донесена е одлука членовите и вработените до комисијата индивидуално да одлучат дали ќе ги вратат парите во буџетот, ќе ги …

Членовите на ДИК за 18 месеци зеле 30 плати Read More »

Почина Томислав Чокревски, ексминистер за внатрешни работи


Во Скопје денеска почина проф. д-р Томислав Чокревски, универзитетски професор и поранешен министер за внатрешни работи. Комеморативна седница ќе се одржи утре во Домот на АРМ од 13 часот. Чокревски беше министер за внатрешни работи од почетокот на 1996 до крајот на 1998 година. Роден е во Битола во 1934 година.

Триесетдневен притвор за Мукоски, Василевски и Арнаудов, домашен притвор за Пешевска, Тарчуловски и Димовски


Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов добија 30-дневен притвор, а на Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски им е одреден домашен притвор, објави попладнево Кривичниот суд. Арнаудов, Мукоски и Василевски попладнево со полициско комбе и со полициска придружба беа однесени од Кривичниот суд. По нив од судот излезе и пратеничката Жаклина Пешевска, …

Триесетдневен притвор за Мукоски, Василевски и Арнаудов, домашен притвор за Пешевска, Тарчуловски и Димовски Read More »

Притвор за Мукоски и за Арнаудов


Кривичниот Суд им изрече мерка од 30 дневен притвор на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов. За останатите четворица кој се изведени денеска пред судија по претходна постапка се очекува бо текот на денот судот да донесе одлука Распитот на пратениците траеше неколку часа. Тие одделно дојдоа во судот, а куса изјава за …

Притвор за Мукоски и за Арнаудов Read More »

Во Центарот за култура во Ѓорче Петров ќе се прават венчавки


Во Центарот за култура во Ѓорче Петров извршена е пренамена на дел од сцената со што се доби нов адаптиран простор каде ќе се венчаат младите парови од оваа општина. Од општината информираат дека е поставена нова завеса на целата сцена и адаптирани се столиците за младите и гостите кои ќе присуствуваат на венчавката. Овие …

Во Центарот за култура во Ѓорче Петров ќе се прават венчавки Read More »

Покрај лабораторијата за дрога во Тетово, откриен и магацин во Батинци


Покрај лабораторијата во Тетово за производство на синтетичка дрога, откриен е и магацински простор во селото Батинци, во близина на Скопје, каде биле складирани хемиски супстанци и други материјали и опрема за подготовка и производство на дрогата. Министерството за внатрешни работи соопшти дека откриени се и запленети возила, мобилни телефони, сим картички, оружје, муниција и …

Покрај лабораторијата за дрога во Тетово, откриен и магацин во Батинци Read More »

Заврши распитот на пратениците, се чека одлуката на судот


Заврши распитот кај судија на претходна постапка на шестмината пратеници во Кривичниот суд во Скопје, осомничени за организирање на насилствата во Собранието од крвавиот четврток.  Судијата на претходна постапка има рок од шест часа да донесе одлука и да им ги врачи решенијата. Пратениците Крсто Муковски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Љупчо …

Заврши распитот на пратениците, се чека одлуката на судот Read More »

Граѓани пријавиле дека им им недостасуваат пари и предмети од сефови


Петмина граѓани пријавиле во СВР Скопје дека им недостасуваат пари и предмети кои ги чувале во сефови во објект на „Шпаркасе банка“ во Скопје. – Веднаш по добиената пријава известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, информира денеска МВР.

Шестмината пратеници на распит во Кривичен суд


Во Кривичниот cуд веќе неколку часови трае распитот на пратениците Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Љупчо Арнаудов и Сашо Василевски пред судија на претходна постапка за насилствата во Собранието од 27 април годинава. Пратениците одделно дојдоа во Судот, а куса изјава за медиумите пред влегувањето даде само пратеникот Мукоски, кој рече дека …

Шестмината пратеници на распит во Кривичен суд Read More »

Новиот закон за високо образование е готов, соопшти министерката Дескоска


Новиот закон за високото обрзование е готов и до крајот на месецов ќе биде ставен на ЕНЕР (електронски регистар на прописи ener.gov.mk), соопшти денеска министерката Рената Дескоска во воведното обраќање на регионалната конференција посветена на обезбедувањето квалитет во високото образование. Една од новините кои се предлагаат е измена во функционирањето на Одборот за акредитација и …

Новиот закон за високо образование е готов, соопшти министерката Дескоска Read More »

Албанските партии ги поздравуваат најавите за промени во опозицијата, aналитичарите скептични


„Алијансата за Албанците“ го поздравува и позитивно го оценува најавеното реформирање на ВМРО-ДПМНЕ и повлекување на партискиот лидер Никола Груевски. Портпаролот на „Алијансата за Албанците“, Флакрон Беџети, изјави дека идниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја сврти партијата кон евроатлантскиот колосек бидејќи само на тој начин ќе помогне во изгласување на законите во парламентот што …

Албанските партии ги поздравуваат најавите за промени во опозицијата, aналитичарите скептични Read More »

Советниците на ВМРО – ДПМНЕ бојкотираат седници


Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ демонстративно ја напушти сенешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров. „Отануваме доследни на поддршката за притворените уставобранители од настаните од 27-ми април и нема да присуствуваме на следните седници каде што тие ќе бидат исто така искористувани од полза на власта. Остануваме да ги поддржуваме се додека не падне оваа …

Советниците на ВМРО – ДПМНЕ бојкотираат седници Read More »

Бејли против аздисаноста на ДИК


Членовите на Државната изборна комисија си изгласале дополнителна плата за четирите дополнителни месеци за нивната работа по октомвриските локални избори. Тие и претходно си доделувале дополнителни плати и бонуси, па така си се почестиле и за трудот што го дале на минатогодишните парламентарни избори. Иако тоа можеби е легално, во прашање се доведува борбата против …

Бејли против аздисаноста на ДИК Read More »

Младите ќе полагаат за возачка дозвола со наполнети 17 години


Наместо на 16 години, тинејџерите на 17 години ќе се стекнат со право за оспособување за управување автомобил. Горната граница во однос на важење на рокот на возачката дозвола ќе биде за лицата над 70 години, а не како досега над 65. Ова се предвидува во измените на Законот безбедност на сообраќајот на патиштата кој …

Младите ќе полагаат за возачка дозвола со наполнети 17 години Read More »

Почнува битката за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ


Конкурентска битка за челното место во ВМРО-ДПМНЕ се очекува на престојниот конгрес што Извршниот комитет на партијата го најави за 23 декември. Одлуката за одржување на конгресот треба да ја потврди наскоро и Централниот комитет на партијата. Првиот вонреден конгрес за избор на нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ во историјата на партијата е закажан откако долгогодишниот …

Почнува битката за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Пратениците без имунитет почнаа да доаѓаат во судот


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на кои Собранието им го одзема мандатот минатата седмица, поради настаните на 27 април, почнаа претпладнево да доаѓаат на распит пред судија на претходна постапка, кој треба да одлучи дали же им биде одреден притвор. Пратеникот Крсто Мукоски, пред да влезе на распит, изјави дека верува во правдата, дека нема основа за …

Пратениците без имунитет почнаа да доаѓаат во судот Read More »