Пратениците без имунитет почнаа да доаѓаат во судот


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на кои Собранието им го одзема мандатот минатата седмица, поради настаните на 27 април, почнаа претпладнево да доаѓаат на распит пред судија на претходна постапка, кој треба да одлучи дали же им биде одреден притвор.

Пратеникот Крсто Мукоски, пред да влезе на распит, изјави дека верува во правдата, дека нема основа за притвор, ама дека, сепак, судијата ќе го има последниот збор.

Во Кривичниот суд се појавија досега и пратенциите Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска, а треба да дојдат и Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.