Покрај лабораторијата за дрога во Тетово, откриен и магацин во Батинци


Покрај лабораторијата во Тетово за производство на синтетичка дрога, откриен е и магацински простор во селото Батинци, во близина на Скопје, каде биле складирани хемиски супстанци и други материјали и опрема за подготовка и производство на дрогата.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека откриени се и запленети возила, мобилни телефони, сим картички, оружје, муниција и друго.

Во тек е и вештачењето на материјалот и дрогата која според првичните проценки е околу 125 килограми, односно минимум над половина милион таблетки синтетичка дрога.

Во полициската акција беа приведени седум лица кои се занимавале со недозволена трговија со дрога. Меѓу нив, има и двајца српски државјани. На сите им е одредена мерка притвор од 30 дена.