Советниците на ВМРО – ДПМНЕ бојкотираат седници


Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ демонстративно ја напушти сенешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров.

„Отануваме доследни на поддршката за притворените уставобранители од настаните од 27-ми април и нема да присуствуваме на следните седници каде што тие ќе бидат исто така искористувани од полза на власта. Остануваме да ги поддржуваме се додека не падне оваа полициска хунта“,  велат советниците од Ѓорче Петров.

Вчера и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Берово ја бојкотираше седницата на општинскиот Совет.

Советниците од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ велат дека во зависност од политичките случувања во иднина, ќе завземат став за понатамошната работа во општина Берово.

Претходно,  од исти причини,  бојкот на работата на градското Собрание најавија членовите на советот во Ресен, додека советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани колективно поднесоа оставки.