Заврши распитот на пратениците, се чека одлуката на судот


Заврши распитот кај судија на претходна постапка на шестмината пратеници во Кривичниот суд во Скопје, осомничени за организирање на насилствата во Собранието од крвавиот четврток.  Судијата на претходна постапка има рок од шест часа да донесе одлука и да им ги врачи решенијата. Пратениците Крсто Муковски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Љупчо Димовски се во судот и го чекаат исходот.