Во Центарот за култура во Ѓорче Петров ќе се прават венчавки


Во Центарот за култура во Ѓорче Петров извршена е пренамена на дел од сцената со што се доби нов адаптиран простор каде ќе се венчаат младите парови од оваа општина.

Од општината информираат дека е поставена нова завеса на целата сцена и адаптирани се столиците за младите и гостите кои ќе присуствуваат на венчавката.

Овие мерки, како што соопшти прес-службата на општина Ѓорче Петров, се времени се до преселувањето на општинските служби во новата општинска зграда каде е предвидена и сала за венчавки.

Веќе во четврток во адаптираниот простор во Центарот за култура закажани се три венчавки.