Заев на ФБ: Ќе ја убедиме ЕК за почнување преговори


 

Со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан уште еднаш ќе ги потврдиме нашите партнерски односи на патот на исполнување на стратешката цел  – Македонија да стане членка на ЕУ, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Заев е во дводневна работна посета на Брисел, а ова се и пораките што тој денеска, како што пишува, ги испорачал и на трибината „Македонија и регионот на Западен Балкан на патот кон членството во Европската Унија“, што ја организира Центарот за европски политички студии.

– Дојдовме со аргументи дека се ​​создадени позитивни случувања по долгиот, одложен процес на нашите интеграции во ЕУ. Продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и несомнена политичка волја, во интерес на граѓаните. Тука сме да ја покажеме подготвеноста на Република Македонија и да ја убедиме Европската комисија да донесе одлука за отпочнување на преговори за нашата земја во првата половина од 2018 година, наведува Заев.

Во делегацијата што ја предводи Заев се и вицепремиерот Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски