Зоран Анчевски: „Длабок простор“ е ново нурнување во длабокиот простор на поезијата


Патување низ тишината меѓу зборовите, низ местата каде што видливото се претвора во прашање, а прашањето во нова светлина. Во новата поетска збирка „Длабок простор“ на Зоран Анчевски, просторот не е само вселенска бесконечност, туку и нешто што се отвора во секојдневието, во јазикот, во човековата внатрешност и во постојаното движење меѓу надворешното и внатрешното, […]

Кој е Седат Сулејмани, кој ќе го наследи Љутков на министерското столче?


Премиерот Христијан Мицкоски синоќа ги кажа имињата на новите министри што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ исто така, а денес се јавни и предлозите на Вреди. Нов министер за култура и туризам ќе биде Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во ресорот што го водеше Зоран Љутков. Седат Сулејмани е роден во Тетово, во 1975 година. […]

Театарската претстава „Кокошка“ на фестивалот „Скопско лето“


Во Едукативниот културен центар – Лабараториум вечер во рамки на 47-мо издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одигра театарската претстава „Кокошка“ на Независниот театар Вортекс во копродукција со НУ Театар Комедија. Претставата „Кокошка“ е создадена според Николај Кољада, во режија на Теодора Силјаноска. Во претставата играат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Ане Блажовски, Ванеса Тримчевска, Toме Станковски […]

Културен земјотрес во Скопје и на Хераклеа: „Танец“ и „Ладо“ на иста сцена


Гласови и срца, сцената гори, а историјата се пишува во живо! Подгответе се за незаборавно аудио-визуелно доживување и емотивен спектакл каков што ретко се гледа. Македонскиот непокор и гордост преку НУ „ТАНЕЦ“ и хрватската безвременска традиција преку АНСАМБЛ „ЛАДО“ се спојуваат во совршена симфонија на традицијата, младоста и врвната уметност. Ова лето, бидете дел од […]

Гран при за „Анна“ и „Златен лав“ за Маја Љутков на фестивал во Умаг


Претставата „Анна“ според текст на Драгана Лукан Николоски, а во режија на Нина Николиќ, освои Гран при на 27. Меѓународен фестивал на камерен театар „Златен лав“ што заврши синоќа во Умаг, Хрватска. Актерката што ја толкува насловната улога, Маја Љутков, ја доби наградата за најдобра актерка. Претставата е копродукција помеѓу Театар Комедија Скопје и „Перипетија […]

Изложба „Поместени граници“


Традиционалната изложба „Поместени граници“ чиј организатор е Друштвото на ликовни уметници на Македонија, која годинава се реализира како резиденцијален престој во текот на мај и јуни во Уметничката резиденција „Македонида“ свечено ќе биде отворена вечерва. Кураторка на оваа изложба чиј концепт со наслов „Разбудени сеќавања“ е насочен кон индивидуалните мемории е историчарката на уметност Гордана […]

Буџетот во културата е зголемен за 34 проценти, се реализираат капитални проекти, вели Мицкоски


 Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа до каде е реализацијата на капиталните проекти во културата, рече дека буџетот во културата е зголемен за 34 проценти и фокусот сега е ставен на реализирањето капитални проекти. -Оваа година ако се спореди со 2023 ќе дојдеме до заклучок дека 34 проценти е […]

Марија Ангеловска ја доби наградата „Енхалон“, а Лју Јуе „In vino veritas“ на СВП


Поетесата Марија Ангеловска е добитничка на наградата „Енхалон” за најдобра прочитана песна од млад автор, а поетесата Лју Јуе од Кина ја доби наградата „In vino veritas“ за најдобра песна посветена на виното на 65-тите Струшки вечери на поезијата. За наградата „Енхалон“ се пријавија седум поети со по три песни, додека за најдобра песна посветена […]

Македонски филмски класици и современи остварувања во јулската програма на Кинотеката


Кинотеката на Македонија во текот на јули 2026 година ќе понуди богата филмска програма, која ги обединува најзначајните достигнувања на македонската кинематографија – од класиците и филмското наследство до современите авторски остварувања, омажи и специјални проекции, кои отвораат простор за ново читање на македонската филмска историја. Месецот почнува со омаж на Горан Стефановски – еден […]

„Кармина бурана“ под ѕвезденото небо на Ефес: Летото во Турција во знакот на уметноста


Античкиот град Ефес во Турција деновиве е домаќин на исклучителен културен настан. Во оваа позната археолошка дестинација се одржува деветтиот Меѓународен фестивал на опера и балет, на кој од петокот минатата недела па сѐ до 8 јули под отворено небо ќе може да се следи богата програма, што ги вклучува и величествените „Лебедово Езеро“, „Кармина […]

На 63 години почина режисерот Сашо Миленковски


Во Скопје почина Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер, потврдија од Драмски тетар. Имаше 63 години. Неговата професионална кариера започнува уште пред дипломирањето на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје, преку ангажманот во мултинационалниот проект КПГТ во Суботица (1988-1991), кој се разви во значајна сцена за современи театарски експерименти и меѓународна соработка. Во својата богата […]

Концерт „Македонија во нас“ на Скопско лето


Во рамки на фестивалот Скопско лето, вечерва со почеток во 20:30 часот, на отворената сцена на „Кеј 13 Ноември“, споменик на Гемиџиите, ќе се одржи концерт насловен „Македонија во нас“ на кој ќе учествуваат народните ансамбли „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски бисери“ од Волонгонг. Овој настан е во соработка со Националната агенција за иселеништво на […]

Шведскиот филозоф Мартин Хеглунд гостин на КРИК – фестивал за критичка култура во Скопје


Во рамки на КРИК – фестивал за критичка култура, вечер во 20 часот во Музеј на современа уметност ќе се одржи предавање на шведскиот филозоф Мартин Хеглунд, насловено „Овој живот – критика и еманципација“. Предавањето ќе понуди можност за продлабочено размислување за врската помеѓу љубовта и политиката, помеѓу личната посветеност и колективната одговорност, како и […]

СВП завршува со врачување на највисоките признанија на манифестацијата „Мостови“


 Со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународно поетско читање „Мостови“, вечер на Мостот на поезијата завршува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. На манифестацијата, на холандската поетеса Анеке Брасинга ќе и биде врачен „Златниот венец“, највисокото фестивалско признание. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на […]

Имаме време за да го спасиме овој стар свет за новите генерации: Поетски портрет на Анеке Брасинга , лауреат на СВП


Пишувањето поезија за мене значи живот. Тоа ми дозволува да дишам. Денес, 27 јуни, еден од најдолгите денови во годината на оваа хемисфера, собрани овде заради поезијата, имаме време за да го спасиме овој стар свет за новите генерации, рече холандската поетеса, добитничка на „Златен венец“ на 65-тите Струшки вечери на поезијата на поетското претставување […]

Монументалниот витраж „Подем“ на Борко Лазески ќе биде реставриран и поставен на нова локација во септември


Монументалниот витраж „Подем“ на македонскиот уметник Борко Лазески од 1971 година од септември ќе добие нов дом, во новиот објект на „Стопанска банка“, во центарот на Скопје. По соодветна реставрација ќе биде повторно поставен таму, планот е тоа да се реализира во текот на летото, а во септември да се организира и свечено отворање, добила […]

Анеке Брасинга на прием кај градоначалникот на Струга и претседателот на Советот


 Делегација на Струшките вечери на поезијата предводена од директорот Никола Кукунеш и добитничката на највисокото фестивалско признание „Златен венец“ на 65-тото фестивалско издание, холандската поетеса Анеке Брасинга беше на прием кај градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура и претседателот на Советот Мите Стефоски. Во фокусот на средбата, како што соопшти НУМ „Струшки вечери на поезијата“, […]

Ибраим Џемаил – Скарабеус е добитник на „Стојан Христов“ на СВП за 2026


Поетската книга „Патешествие низ времиња“ од Ибраим Џемаил – Скарабеус е добитник на наградата „Стојан Христов“ за 2026 година, која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и Агенцијата за иселеништво. Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав Иван Шопов – претседател и Славе Ѓорѓо Димоски и Никола Ѓелинчески членови, по разгледување на пристигнатите седум поетски збирки […]

Министерството за култура реагира на соопштението на СКРМ


Министерството за култура и туризам ги отфрли како неточни и тенденциозни наводите изнесени во соопштението на Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ), оценувајќи дека тврдењата оти повеќе од една година не се воделе преговори со синдикатите не одговараат на фактите. „Во интерес на вистината и со цел правилно информирање на јавноста, најостро реагираме и […]

Николина Андова Шопова e добитник на „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2026


Збирката „Во куќата“ од Николина Андова Шопова е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија. Одлуката ја донесе комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 во состав: Наташа Аврамовска, претседател и членови Весна Ацевска, Весна Мојсова-Чепишевска, Владимир Илиевски […]