Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“


Репертоарот на дваесет и седмата фестивалска вечер на 66. „Охридско лето“ ќе понуди класична музика. Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ концерт ќе има ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија. Ќе настапат мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли. Повеќе од 45 години ансамблот „Готик […]

Меморандум за соработка меѓу македонскиот КИЦ во Софија и ДПМ


Македонскиот Културно-информативен центар во Софија и  Друштвото на писателите на Македонија потпишаа Меморандум за соработка, со што, како што известува Центарот, „воспоставена е цврста основа за понатамошно унапредување на соработката во областа на културата, книжевноста и промоцијата на македонското духовно и литературно творештво“. Меморандумот го потпишаа директорот на КИЦ на Република Македонија во Софија, Зоран […]

Грчка вечер на „Охридско лето“ со  Теодосија Нтоку и Масимо Полидори


Грчката пијанистка Теодосија Нтоку и италијанскиот виолончелист Масимо Полидори  вечерва ќе концертираат на традиционалната Грчка вечер на „Охридско лето“ што се одржува со поддршка од Амбасадата на Грција во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Оценета од списанието „Би-би-си мјузик“ како пијанист со драматични квалитети, емотивна суптилност […]

Силни емоции и виртуозност под свеќи во Охрид: Миленковиќ и „Профундис“ приредија безвремено музичко патување


Во преполното Предворје на црквата „Света Софија“, синоќа, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер која ја одбележаа врвни интерпретации, силни емоции и извонредна атмосфера. Концертот се одржа во рамки на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Сцената, внимателно уредена и осветлена со стотици свеќи, создаде посебен […]

Почна снимањето на новиот македонски трилер „Голиот Рид“ во режија на Игор Алексов


Официјално започна снимањето на новиот македонски игран филм „Голиот Рид“, долгоочекуван кинематографски трилер со елементи на драма и хорор-фантазија. Проектот се реализира во продукција на „City Star Production“, под режисерска палка на Игор Алексов, авторот на меѓународно признатиот филм „Лена и Владимир“ кој освои дури 96 награди и 46 номинации на престижни светски фестивали. Сценариото […]

37. Ликовна колонија „Галичник“ – Галичник како медиум (12–19 август 2026)


Постојат места што инспирираат уметност. Но постојат и ретки места што самите стануваат уметност. Таков е Галичник. Со 37 години континуитет и повеќе од 400 учесници од Македонија и од светот, Ликовната колонија „Галичник“ се етаблира како една од најреномираните традиционални меѓународни уметнички колонии во земјата и препознатлива платформа за современа визуелна уметност во регионот. Богатата колекција […]

Прекрасна сонатна вечер со виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким на „Охридско лето“


Харизматичниот  холандски виолинист Ниек Бар кому му се воодушевува публиката од целиот свет  и американско-холандскиот пијанист Бен Ким настапија синоќа во рамки на Холандската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Двајцата извонредни музичари вечерта ја зпочнаа со Сонатата за виолина и пијано од Ц.Франк, а  продолжија со уште една Соната за виолина и пијано  од Франсис […]

„Концерт под свеќи“ на „Охридско лето“ со виртуозот Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“


Камерниот оркестар „Профундис“ под диригентската управа на Ѓурѓица Дашиќ, на сцената на „Охридско лето“ вечерва ќе го донесе атрактивниот концертен проект „Концерт под свеќи“, во кој како солист ќе настапи еден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ. Камерниот оркестар „Профундис“ е формиран во 2019 година од страна на диригентката Ѓурѓица Дашиќ, со идеја […]

Вокален и пијанистички огномет за роденденот на „Охридско лето“


Со вокален раскош,  пијанистичка виртуозност и уметничка енергија, синоќа, „Охридско лето“ го одбележа својот 66. роденден. Во прекрасната „Света Софија“ каде и започна приказната за „Охридско лето“, фестивалската публика имаше можност да ужива во впечатливиот настап на Мајан Лихт, контратенор од Израел и Пшемек Виницки, пијанист од Полска, уметници кои со својата интерпретација донесоа посебна […]

На „Охридско лето“ промовирана монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“


Монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“  од авторите м-р Снежана Анастасова Чадиковска и проф.д-р Александар Трајковски посветена на 100-годишнината од раѓањето на  оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ беше промовирана вчеравечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“ кој одбележа  66 години од своето постоење, а започна токму на 4 август далечната 1961 година со солистички рецитал на оваа голема уметница, […]

Холандска вечер на „Охридско лето“ со уметниците Ниек Бар на виолина и Бен Ким на пијано


Во рамките на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во црквата „Света Софија“ ќе се одржи Холандската вечер, на која ќе настапат виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким. Ниек Бар важи за еден од најистакнатите холандски виолинисти од својата генерација, познат по харизматичните и впечатливи изведби на најзначајните светски сцени, меѓу кои Филхармонијата […]

Курбиново без заштита – Управата пак одбила да издаде конзерваторско одобрение за настрешницата


Иако поранешниот министер за култура Зоран Љутков на 22 јуни тврдеше дека е надминат 13-годишниот проблем за поставување заштитна настрешница над црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, таа сѐ уште не може да се постави. Управата за заштита на културното наследство повторно одбила да издаде конзерваторско одобрение, наведувајќи недостатоци во доставената документација, објави СДК.мк. Директорката на […]

Пријавувањето на библиотеки за донација на книги од „Матица македонска“ трае до петок


До петок (7 август, 23.59 часот) трае пријавувањето на јавниот повик „Каде недостигаат книги за Македонија?“, преку кој „Матица македонска“ ќе подари фонд од 35 книги на една библиотека, во рамките на програмата „Зад датумот – овој Илинден, Македонија се чита“. На јавниот повик може да се пријават училишни и локални библиотеки и јавно достапни […]

Кристоф Бенедиктер е лауреатот на Светската награда на хуманизмот за 2026 година


Проф. д-р Кристоф Бенедиктер, претседател на Европската асоцијација на истражувачи и професори и еден од најистакнатите современи европски интелектуалци и промотори на академската и културната соработка, е добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, што во чест на делото на Свети Климент Охридски ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Наградата на Бенедиктер му […]

Над пола милион евра за поправки на барокниот МНТ


Тринаесет години откако беше пуштен во употреба и по многу проблеми со прокиснувањето, старо-новиот барокен Македонски народен тетар (МНТ) почнува со темелна санација, објави БИРН. Тендерот од над 560 илјади евра го доби фирмата „Мартин инженеринг.“ За тие пари, фирмата, во рок од три месеци, треба да ги санира двете тераси на јужната и на западната […]

Марјан Патлиџанковски е годинешниот лауреат на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ


Писателот и книжевен истражувач, д-р Марјан Патлиџанковски, е автор на расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, што беше избран за најдобар на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“. Жири-комисијата во состав Димитар Пандев, Славе Ѓорѓо Димоски и Иван Џепароски, во образложението наведува дека расказот „Службен пат до Тирана“ се издвоил од преостанатите 23 […]

Ноќ за паматење со Шуман, Берлиоз и Лист и украинскиот пијанист Холоденко на „Охридско лето“


Украинскиот пијанист Вадим Холоденко, кој има репутација на еден од музички најдраматичните и технички најнадарените изведувачи на новата генерација пијанисти, синоќа имаше пијано-рецитал во црквата „Света Софија“ како дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“. Неговите настапи се препознаени по техничката прецизност, динамичните интерпретации и внимателното градење на музичката драматургија. Во досегашната кариера настапувал како […]

„Охридско лето“ слави 66 години со монографија за Ана Липша-Тофовиќ и „Вокален и пијанистички огномет“ на Мајан Лихт и Пшемек Виницки


Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ” од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот  машки сопран/контратенорМајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки, денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско  лето“. Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот  во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската […]

Леа Ипи доаѓа на „Букстар“ во Скопје


Фестивалската треска полека го обзема градот, па во тоа име и едно изненадување за сите љубители на BOOKSTAR! Во склоп на програмата, но пред официјално да започне 12. издание на фестивалот на европска култура, во Скопје ни доаѓа Леа Ипи!, соопшти Антолог. „Жена која не се плаши да го сподели своето мислење, носејќи го Балканот […]

Вуди Харелсон главна ѕвезда на Сараево филм фестивал


Сараево – Три номинации за Оскар, Златна палма и четири децении неповторливи улоги, Вуди Харелсон доаѓа на 32-от Сараевски филмски фестивал!  Како признание за неговиот извонреден придонес во филмската уметност, Вуди Харелсон ќе го добие Почесното срце на Сараево на 32-от Сараевски филмски фестивал. Меѓу досегашните добитници на „Почесно срце на Сараево“ се и швдскиот […]