Во КИЦ Софија концерт по повод 35 години независност на Македонија
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија денеска ќе се одржи концерт посветен на 35-годишнината од осамостојувањето на Македонија.
Ќе настапат оперскиот пејач Никола Зацески и пијанистот Бојан Димитровски, кои преку своите интерпретации ќе создадат музичка приказна исполнета со емоција, гордост и македонски дух.
– Ќе одекнат различни музички дела и интерпретации – празничен музички мозаик кој ја слави Македонија, нејзината култура, нејзината песна и нејзиниот пат. Ова не е само концерт. Ова е празник на еден историски датум. Ова е музички поклон кон генерациите што го чекореа патот до 8-ми Септември. Ова е прослава на Македонија, велат од Македонскиот културно-информативен центар во Софија.