“Скопје 2028” ги поврзува Македонија и Јапонија преку културата


Македонските уметници и културните организации добиваат можност за соработка со јапонски колеги и организации преку повикот на EU–Japan Fest Japan Committee, отворен до 30 септември 2026 година. Станува збор за поддршка на заеднички културни проекти меѓу Европа и Јапонија, што за македонската културна сцена е особено интересно во пресрет на Скопје – Европска престолнина на […]

„Танец“ по 76 години повторно со настапи во Велика Британија


Националната установа „Танец“ ќе одржи два ексклузивни концерти во Лондон и Оксфорд. По повеќе од седум децении, „Танец“ повторно ќе настапи во Велика Британија во Лондон на 16 септември и во Оксфорд на 18 септември, годинава. Британската и меѓународната публика ќе има можност да ја проследи оган-енергијата на НУ „Танец“. Уметниците од националната установа со […]

Квартетот „Стрингендо“ со свечен концерт во Истанбул по повод 35 години независна Македонија


Македонскиот културен центар во Истанбул, по повод 35-годишнината од независноста на Македонија, на 8 септември 2026 година ќе приреди свечен концерт на квартетот „Стрингендо“, со којшто македонската музика и култура ќе бидат во фокусот на одбележувањето на празникот. Концертната вечер е посветена на одбележувањето на Денот на независноста, но и на долгогодишното пријателство и културните […]

Наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар ќе има две изведби во МНТ


Поради големиот интерес на публиката, наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград ќе биде изведена денеска и на 9 септември во 20 часот во Македонскиот народен театар. Претставата е во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а главната улога ја толкува Никола Ристановски. Драматизацијата е работена според текстот на Стеван Копривица, инспириран од романот […]

Од Македонија до Лос Анџелес: Екипата зад „Приказната за Силјан“ гордо го претстави филмот на ЕМИ наградите, каде запиша историја со две номинации


Од малата Македонија до Лос Анџелес, патот на документарниот филм „Приказната за Силјан“ одамна ги надмина границите на една филмска продукција. Оваа година „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, беше единствениот филм од неамериканска продукција меѓу номинираните во своите категории, и тоа со две номинации за Emmy Awards, Exceptional Merit in Documentary Filmmaking […]

Симон Трпчески повторно ја восхити токиската публика на 20-годишнината од своето јапонско деби


Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески на 3, 4 и 5 септември повторно ја воодушеви јапонската публика на своите три концерти на различни престижни сцени во Токио. Во рамките на оваа турнеја во јапонската престолнина, Трпчески одбележа две децении од своето деби во Земјата на изгрејсонцето. Заедно со Токискиот Метрополитен симфониски оркестар и симболично, […]

„Крвава свадба“ во режија на Филип Петковски премиерно во Благоевград


На 7 септември, во Драматичниот театар „Никола Вапцаров“ во Благоевград, премиерно ќе биде изведена претставата „Крвава свадба“ од Федерико Гарсија Лорка, во режија, драматуршка адаптација и кореографија на македонскиот режисер и кореограф Филип Петковски. „Крвава свадба“ е приказна за трагична љубов, претворена во современ сценски ритуал кој ги спојува физичкиот и постдрамскиот театар, танцот и балканското фолклорно наследство – […]

Георги Господинов ја освои наградата „Жан Моне“ за 2026 година


Уште едно меѓународно признание за Георги Господинов. Неговиот роман „Градинарот и смртта“ ја освои наградата „Жан Моне“ за европска литература за 2026 година. Самиот писател ја објави веста на Фејсбук.   Францускиот превод на романот го направи Мари Врина. Официјалното објавување на наградата беше објавено и во француските медиуми. Книгата на Господинов беше во конкуренција […]

Лауреат на 11.ИФФ Киненова е добитникот на Сребрената мечка во Берлин, турскиот режисер Емин Алпер


Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во неколку 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен во нашата земја фестивалски формат, КИНЕНОВА ги надминува границите што означуваат територии и континенти, и останува посветена на промоција на уникатниот и […]

Изложба Циклус: „Бежанци“ од Борко Лазески


Во Изложбениот салон на Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена истражувачката изложба Циклус: „Бежанци“ од Борко Лазески (1917–1993), која пред јавноста претставува значаен, но досега недоволно проучен сегмент од творештвото на еден од значајните претставници на македонската модерна уметност. Изложбата и придружната публикација се дел од поширокиот и континуиран процес на истражување, документирање […]

Наградуваната „Уна“ на Звездара театар со изведби на 7 и 9 септември во МНТ


Поради исклучителниот интерес од публиката, наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград ќе има изведби на 7 и 9 септември во Македонскиот народен театар. Билетите за двете изведби се достапни онлајн преку веб-страницата на МНТ, како и на билетарницата, која работи секој работен ден од 13 до 20 часот. „Уна“ доаѓа во Скопје како […]

„Ќе глумам додека можам“. Џон Малкович пречекан со овации во Венеција


Венеција – Американскиот актер Џон Малкович изјави дека нема намера да се пензионира и сака да продолжи да глуми по петдецениска кариера. 72-годишниот Малкович моментално добива пофалби за неговата главна улога во „ Wild Horse Nine“, нов филм на режисерот и сценарист Мартин Мекдона, кој вчера ја имаше својата светска премиера на Венецискиот филмски фестивал. Доби […]

Францускиот институт во Скопје ја отвора есенската културна сезона со изложбата „ Француски траги – лична историја на гледањето“ на Ѓорѓе Јовановиќ


Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на отворање на изложбата „Француски траги – Лична историја на гледањето“ на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, во среда, 9 септември 2026 година, од 17 до 18 часот, која ќе биде поставена во излогот на Францускиот институт во Скопје. Модератор на разговорот ќе биде Владимир Јанчевски, куратор […]

Орбан падна и прославениот пијанист Андраш Шиф се врати во Будимпешта


  Андраш Шиф го изговара бројот 10 три пати. Неговата мајка почина на 10 октомври 2010 година, а денот на нејзиниот погреб беше последен пат кога беше во Унгарија. Тоа беше годината кога Виктор Орбан почна да го преобликува демократскиот систем. За пијанистот роден во Будимпешта, вели тој, било прашање на совест како ќе реагира. […]

Во Шибеник почнаа Деновите на македонската култура во Хрватска


Во Хрватска почна културната манифестација Денови на македонската култура по повод одбележувањето на 35-годишнината од осамостојувањето на Република Македонија и 8 Септември – Денот на независноста и ќе трае до 6 септември.   Настанот почна во Шибеник, каде беше промовирана книгата „Мајка Тереза – Гонџа од Скопје (светица на сиромашните)“ од авторката Јасмина Миронски, познат новинар, […]

„Кавалерија рустикана“ на сцената на НОБ на 11 септември


 На 11 септември 2026 година, во 20 часот, на сцената на НОБ ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи – едно од најпознатите и највпечатливи дела на италијанскиот веризам. Со својата силна музичка експресивност и драмска непосредност, „Кавалерија рустикана“ ја носи приказната за љубовта, љубомората, предавството и честа, претставени низ судбините на нејзините […]

„Галимар“ по две збирки раскази го објави и првиот роман на Румена Бужаровска, „Тони“


  Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ денес го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“. По збирките раскази „Мојот маж“ (2022) и „Не одам никаде“ (2025), ова е трето дело на Бужаровска што е препознаено и објавено од „Галимар“, издавачка куќа основана во 1911 г., во Париз, која се вбројува меѓу најпрестижните и најетаблираните […]

Врачување на наградите „Празник на липите 2026“ в сабота во ДПМ


На 5 септември во 19 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи книжевно читање, како втор дел од манифестацијата „Празник на липите“ за 2026 г., која оваа година го има своето јубилејно, триесетгодишно издание. По читањето на кратките книжевни творби, ќе следи заокружувањето на манифестацијата, со врачувањето на наградите на конкурсот за […]

Клуни доби Златен лав за животно дело во Венеција, одржа моќен говор


Венеција – Џорџ Клуни беше во центарот на вниманието на церемонијата на отворањето на Филмскиот фестивал во Венеција синоќа, каде што доби почесен Златен лав за животно дело. Церемонијата беше исклучително емотивна, а посветата беше толку трогателна што и актерот и неговата сопруга Амал Клуни плачеа во неколку наврати. Наградата му ја врачи Лора Дерн, […]

По Њујорк и Сараево на ред е Битола : Македонска премиера на „Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума на 47. „Браќа Манаки“


Лауреат на Специјалната златна камера 300 за особен придонес во филмската уметност на годинашното 47-мо издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ е кинематографот од САД, Џеф Кроненвет, соопшти директорот на фестивалот Димитрија Доксевски. Тој истакна дека со изборот на Кроненвет се зајакнува фестивалот како центар на светската филмска уметнот. -​Во Битола доаѓа […]