Се разболе Латас, „Тревник“ одложен за 29 март


Денешното рочиште за случајот „Тревник“ на СЈО е одложено за 29 март поради отсуство од здравствени причини на првообвинетот Драган Павловиќ Латас. Неговата адвокатка Анита Бегова до судот достави лекарска потврда дека Латас е на боледување поради воспаление на средно уво. Во случајот „Тревник“ обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и …

Се разболе Латас, „Тревник“ одложен за 29 март Read More »

„Титаник“ се одложи, Јанакиески не можел да дојде поради „Насилство во Центар“


Рочиштето за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ што требаше да се одржи денеска во Кривичниот суд, е одложено за 8 март поради неприсуство на Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите. Поранешниот министер за транспорт и врски не можел да дојде бидејќи бил на рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар“ каде исто така е …

„Титаник“ се одложи, Јанакиески не можел да дојде поради „Насилство во Центар“ Read More »

Македонска цистерна со гас излета кај Врање, може да експлодира


 Цистерна со македонски регистерски таблички, утрината нешто по 8 часот, слетала од автопатот во близина на Врање. Српските медиуми објавуваат дека за среќа нема повредени, но автопатот во должина од околу петстотини метри, го обезбедува полицијата заради потенцијална опасност од излевање на течниот гас или експлозија. Едната лента од автопатот е затворена за сообраќај.

Нови рочишта за „Тревник“, „Титаник“, „Насилство во Центар“ и „Шпион“


Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тревник“, „Титаник“, „Насилство во Општина Центар“ и „Шпион“. Во случајот „Тревник“ обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково. Според СЈО, обвинетите изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково …

Нови рочишта за „Тревник“, „Титаник“, „Насилство во Центар“ и „Шпион“ Read More »

Крадец во Охрид фатен на дело


Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против С.А.(29) од село Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба“. Крадецот е фатен во тек на извршување на кражба во стан на улица „АСНОМ“ во Охрид. Пријавениот, годинава во пет куќи и два стана во …

Крадец во Охрид фатен на дело Read More »

Бебето на 19-годишната струмичанка е пронајдено мртво


Бебето на 19-годишната струмичанка која завчера се породила дома е пронајдено мртво, соопшти Министерството за внатрешни работи. Вчера од таму соопштија дека во неделата во болница во Струмица била хоспитализирана девојка која се породила, но немаше информации за бебето. „Во неделата околу 23:30 часот во СВР Струмица лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај …

Бебето на 19-годишната струмичанка е пронајдено мртво Read More »

Најдено мртвото тело на новороденчето на тинејџерката од струмичко


Мртвото тело на новороденчето на 19-годишната девојка што се породи дома во струмичко е најдено, соопшти полицијата и дадено е на обдукција. Во врска со случајот објавен во вчерашниот извадок од дневни настани во кој известивме дека на во неделата околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив …

Најдено мртвото тело на новороденчето на тинејџерката од струмичко Read More »

Тинејџери во Кавадарци повредени при пад со мотор


Во понеделникот, двајца тинејџери на возраст од 17 години, се возеле на мотор, паднале и се повредиле. Како што соопшти полицијата,  во 18.30 часот на патот Кавадарци – село Брушани, Д.С.(17) од Кавадарци управувајќи мопед марка „Гланз 50“ со кавадаречки регистарски ознаки излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на …

Тинејџери во Кавадарци повредени при пад со мотор Read More »

Отсуството на обвинителката Стефановска го одложи рочиштето за „Траекторија“


Судењето за предметот „Траекторија” што се однесува на постапката за избор на компанија за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид продолжува на 13 март, откако денешното рочиште беше одложено поради спреченост да присуствува на обвинителката од СЈО, Лиле Стефановска. Судијата Горан Бошевски, на почетокот информира дека обвинителката Стефановска го известила телефонски дека не е во состојба …

Отсуството на обвинителката Стефановска го одложи рочиштето за „Траекторија“ Read More »

Почина еден од најпознатите сериски убијци во САД


На 85-годишна возраст почина Хуан Корона, еден од најпознатите сериски убијци во САД. Тој служеше доживотна казна затвор за 25 убиства во Калифорнија. Во моментот кога беше уапсен, во 70-те години од минатиот век, Корона беше серискиот убиец кој во САД одзел најмногу животи. Американските медиуми објавуваат дека се сомничи оти извршил и други убиства, …

Почина еден од најпознатите сериски убијци во САД Read More »

Интервенција за гаснење пожар во село Саса


Откако пред три дена интервенираше на запалено стрниште во месноста Каменарски рид, денеска Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица спречи нов пожар во село Саса. Според информациите на командирот на ТППЕ од Македонска Каменица, Малин Трајчевски во акцијата за гаснење на денешниот пожар во Саса, учествувале двајца пожарникари со едно противпожарно возило. – Денес наша …

Интервенција за гаснење пожар во село Саса Read More »

Спасовски: Истрагите за убиства нема да ги водиме преку медиуми


МВР не е безбедноста во државата сама по себе, МВР и безбедноста во државата сме сите ние. И граѓаните и другите институции треба да преземат мерки од сопствената надлежност ако сакаме да бидеме ефикасни. Ова е пораката од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, што ја упати денеска по примопредавањето на донацијата од возила и …

Спасовски: Истрагите за убиства нема да ги водиме преку медиуми Read More »

Притвор за осомничениот за убиството во Тетово


На осомничениот за синоќешното убиство во Тетово судија му одреди 30-дневен притвор, на предлог на надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, кое нареди и истражна постапка против лицето за сторени две кривични дела – убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Осомничениот синоќа во 23.50 часот во објект …

Притвор за осомничениот за убиството во Тетово Read More »

Убиство во кафеана во Тетово


Едно лице е убиено ноќеска пред полноќ во угостителски објект во Тетово лоциран на ул. „29 Ноември“. Од основното јавно обвинителство информираат дека убиството се случило околу 23.50 часот откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, косумирајќи алкохол. Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. При …

Убиство во кафеана во Тетово Read More »

Притвор за уште две лица за убиството во струшко


Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка за уште две лица поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело Убиство, а еден од осомничените и за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од Кривичниот законик. Од Основното јавно обвинителство информираат дека …

Притвор за уште две лица за убиството во струшко Read More »

СВР Куманово: Лажна вест е дека имало обид за киднапирање на дете


Кумановската полиција ги демантира информациите за грабнување на дете во централното градско подрачје во Куманово, кои се шират по социјалните мрежи и апелираше до граѓаните да не наседнуваат на вакви лажни вести. Вчера, информацијата за обид за киднапирање на дете се појави во група на социјалната мрежа на Фејсбук. –Секторот за Внатрешни работи Куманово најостро …

СВР Куманово: Лажна вест е дека имало обид за киднапирање на дете Read More »

Убиство во Шишево


Меѓусебни расправии меѓу две групи од скопското село Шишево заврши со убиство на дваесетгодишник од селото. Според пријавата во полиција, тројца жители на Шишево се движеле со возило БМВ, а пред ни се движел автомобил „мерцедес“. На влезот од селото возилото „мерцедес“ застанало до патот, а по него запрел и Г.А. Според пријавеното, на влезот …

Убиство во Шишево Read More »

Овчар паднал од карпа и починал


Во петокот, млад овчар, на возраст од 28 години, паднал од карпа и починал, соопшти полицијата. Во 17.40 часот во Полициската станица за граничен надзор Лабуништа од страна на граѓанин од истото село пријавено е дека има починато лице во место викано Краста во атарот на селото. По овластување на јавен обвинител, извршен е увид …

Овчар паднал од карпа и починал Read More »

Жена од Струмица измамена за 26.900 евра


Во СВР Струмица, вчера Б.Д. (61) од Село Баница пријавила кривични дела „измама“ и „лажно претставување“. Според пријавеното, во 2015 година била измамена за 26.900 евра од К.Л. (31) од Скопје, кој престојувал во Струмица, а кој и се претставил како адвокат и ја убедувал дека ќе и обезбеди документација и земјоделско земјиште, како и плацеви …

Жена од Струмица измамена за 26.900 евра Read More »

Штипјанка измамена за околу седум илјади евра од лице кое го запознала на „фејсбук“


Педесет и четири годишна жена од Штип пријавила дека била измамена за околу седум илјади евра, средства што ги уплатила на агенција како трошоци потребни за да и бидат префрлени 850.000 долари, од лице кое го запознала на социјалната мрежа „фејсбук“ на крајот на октомври 2018 година и кои се претставило дека е американски војник …

Штипјанка измамена за околу седум илјади евра од лице кое го запознала на „фејсбук“ Read More »