Дваесет лица не го почитувале полицискиот час

Фото: Б. Грданоски

Дваесет лица во земјава изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат од МВР.

Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 284 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на земјава на 76 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.