Со трактор усмртил маж на мотор


Во две одделни сообраќајни незгоди со трактор односно автомобил удриле во мотор, по што едниот моторџија починал, а другиот со тешки повреди е во болница.

Во саботата,во 9,33 часот на ул.„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија трактор „имб“ со велешки регистарски ознаки управуван од Џ.С.(48) од Гевгелија удрил во мопед „томос апн 6“ без регистарски ознаки управуван од З.П.(72) од Скопје.

Од здобиените повреди при незгодата, З.П. починал, а доктор од итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Одделение за внатрешни работи Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Истиот ден, во 13.15 часот на локален пат за Средно Водно во Скопје патничко моторно возило “бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.А.(29) од Скопје удрил во моторцикл “априлија“ со германски национални ознаки управуван од М.Х.(27) од Скопје. По незгодата М.Џ. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.