Полицискиот час не го почитувале 59 лица, од нив приведени 32


Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие  на територијата на Република Северна Македонија на 141 лице им се издадени решенија за изолација, а 14 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од МВР денеска соопштија дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 32 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 255 прекршоци.