Две брачни двојки физички се пресметале за време на полициски час


Во понеделникот, додека беше во сила полицискиот час, околу 21:00 часот во СВР Велес била пријавена физичка пресметка.

Според полицискиот извештај, на ул.„Јордан Џурнов“, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу А.М.(45) и неговата сопруга Е.Ј.(42), од една страна и С.К.(36) и неговата сопруга А.К.(34), сите од Велес.


По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.