Активистката Ристеска-Конопова претепана од својот татко


Министерството за внатрешни работи синоќа приведе маж кој ги претепал сопругата и ќерката.

М.Р. (31) пријави дека таа и нејзината мајка К.Р.(62) по претходна расправија биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р.(64) при што ѝ биле нанесени телесни повреди.

Се покажа дека жртвата е активисктката Моника Ристеска Конопова, која на социјалните мрежи го напиша нејзиниот татко со име и презиме, а постот проследен со крвави фотографии од нападот.

Имено, тој ја нападнал неа со столче и тупаници кога тргнала во кујната да земе храна.

Министерот за внатрешни работи, го осуди насилството, особено семејното и повика сите жртви да ги пријавуваат насилниците.

-Како министер, но пред се како човек го осудувам секој вид на насилство, особено семејното насилство кое е насочено врз жените. Ги охрабрувам граѓаните да ја пријавуваат секоја форма на насилство, а Министерството за внатрешни работи ќе постапува професионално во насока на целосно расчистување на истото, напиша на својот Фејбук профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/162080505318752

Во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди на главата, ја информирам јавноста дека вчера во вечерните часови полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 од кривичен законик и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, соопштија од МВР.

https://www.facebook.com/MoniqueKonopova420/posts/10221067793221006

Ристеска-Конопова ѝ е позната на јавноста од лани кога беше приведена и осудена на година затвор поради поседување марихуана.