Куп тепачки низ Македонија, се напаѓаат и полицајци и жени


Според билтенот на МВР, во повеќе градови вчера регистрирани се тепачки меѓу граѓани, соседи, нетрпеливост, а има и такви кои кренале рака на полициски службеници и на жени.

Имено, вчера во 16 часот во СВР Битола било пријавено дека околу 8 часот пред бензинска пумпа во Битола, Љ.Т. кој управувал патничко моторно возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки упатувал закани по живот кон полициски службеник од СВР Битола, по што го напуштил местото на настанот.За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во селото Џепчиште, тетовско вчера во 20 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.Џ.(53) од с.Џепчиште бидејќи, на 23.05.2020 во 19,30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница Тетово бил донесен со тешка телесна повреда Б.Ш.(44) од село Џепчиште, кој со повредата се здобил при физичка пресметка со неговиот сосед Џ.Џ.. За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15.30 часот во село Бунарџик,скопско полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ф.(75) од село Бунарџик бидејќи на 23.05.2020 14,20 часот во СВР Скопје, И.Џ.(37) пријавил дека на ул.„2“ во село Бунарџик поради нерасчистени имотни односи и претходна расправија С.Ф.(75) го нападнал со метална шипка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициска станица Тетово вчера во 16.20 часот било пријавено дека околу 15 часот на ул.„Б.Тоска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово биле физички нападнати од три непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор на ул.„Божин Николов“ во Скопје во сопственост на Џ.В.(41) поради нарушени имотно-правни односи тој бил физички нападнат со тврд предмет од Ф.В. и М.В. двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Битола, вчера во 14.12 часот М.М.(33) од Битола пријавил дека на ул.Прилепска во Битола дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и П.М.(61) од Битола од една страна и Т.А.(48) од Битола од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 18.30 часот во Полициска станица Ресен, В.Д.(43) од Р.Албанија пријавила дека на ул. „ 29. Ноември “ во Ресен по претходна расправија била физички нападната од Р.С. и Ф.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициска станица Битола, вчера во 20.55 часот било пријавено дека на паркинг во Битола дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.С.(43), И.В.(39), Г.Б.(22) од една страна и Н.С.(30) од друга страна, сите од село Баница- Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 13.10 часот во СВР Струмица, Ж.К.(54) од Струмица пријавил дека околу 8.15 часот на ул.Ленинова во Струмица бил физички нападнат од три непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 20 часот, во СВР Охрид приведен е М.Т.(61) од Охрид. Тој, околу 18.30 часот, на улицата „Абас Емин“, во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир а потоа извршил физички напад врз Ж.Р. и С.Т. од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 15.20 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Г.П. врз Љ.Д.(59), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.