Затвореници избегале од затворот во Струга, приведени за 13 минути


 

Во полицискиот билтен денеска стои дека двајца затвореници од затворот во Струга избегале синоќа околу еден часот, но веднаш по пријавата тие биле пронајдени од полицијата и приведени.

Имено, денеска во 1.20 часот, во атарот на струшката населба Теферич, пронајдени и приведени се Б.С.(34) и С.К.(32), двајцата од Струга.

Приведувањето е извршено, откако во 1.07 часот во Полициската станица во Струга, од затворот во Струга е добиено телефонско известување дека двете лица избегале од казнено поправната установа каде издржувале затворска казна, стои во полицискиот билтен.