Пукање во Бутел, нема повредени


Во полициска станица денеска во 17.47 часот О.И. пријавил дека на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“, кај новиот дел после надвозникот од десна страна, од две патнички моторни возила во негов правец било пукано со автоматско оружје.

Во инцидентот нема повредени.

Од МВР информираат дека О.И. рекол оти препознал дел од напаѓачите.

Инаку, било пукано од „фолксваген пајтон“ сива боја и „ауди 4“ црна боја, од страна на неколку лица.

МВР работи на расчистување на случајот.