Усмртил пешак на патот Тетово-Јажинце, па избегал


На регионалниот пат Тетово-село Јажинце, вчера, непознато патничко возило удрило во пешакот И.А.(43) од селото Дебреше, по што возилото го напуштило местото, а пешакот починал на место на незгодата. -Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е […]

Ново рочиште за „Титаник“


Ново рочиште за случајот „Титаник“ е предвидено да се одржи денеска во Основниот кривичен суд Скопје. Овој судски предмет иако е едно од првите обвиненија поднесени од поранешното СЈО, тој се уште е во фаза на доказна постапка.   Судењето во овој случај го води судијата Осман Шабани, а обвинението е застапено од обвинителката Лиле […]

Санкционирани 217 возачи во Скопје


Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, во засилените акциски контроли во сообраќајот, само на територијата на град Скопје биле изречени  217 мерки. Од нив, 23 за возење без возачка дозвола, 16 за нерегистрирани возила, седум за технички неисправни возила за јавен превоз, 16 мерки за користење на мобилен телефон при […]

Штипјанец ограбил десет цркви во Дебарца и Охрид


Поради постоење основи на сомнение за сторени десет кривични дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Б.(50) од Штип. Како што соопшти МВР, тој кривичните дела ги сторил во периодот од 30.05. до 27.11.2020 во седум цркви на подрачјето на општина Дебарца и три на подрачјето на Охрид, во кои влегувал користејќи подесен […]

Прегазени двајца пешаци, едниот починал


  Во две одделни сообраќајни незгоди во Скопје и Гостивар со возила прегазени се малолетник и маж, при што мажот на возраст од 31 година, починал, соопшти полицијата. Имено, во неделата во 11.20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на потегот помеѓу Здуњска крстосница и наплатна рампа Гостивар, товарно возило -миксер, со гостиварски […]

Црногорски превозник нашол скриени мигранти во возилото


Во саботата утрото околу 8.30 часот на Граничниот премин Богородица, П.В.(34) од Црна Гора, возач на товарно возило, со црногорски национални ознаки, пријавил дека во приколката слушнал гласови. По извршени проверки биле откриени 12 илегални мигранти (шест од Сирија и шест од Авганистан, од кои едно дете). Мигрантите биле предадени за понатамошна постапка во Прифатниот […]

Во сообраќајка кај Сити мол повредени три лица


Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа која вчера на пладне се случи на крстосницата од  бул.„Партизански одреди“ со ул.„Љубљанска“ и ул.„Московска“, кај Сити мол, соопшти МВР. Во несреќата, како што информира МВР, учествувале „форд“, со охридски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(48) од Охрид и „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управуван […]

Едно лице почина во сообраќајка на патот Прилеп-Битола


Едно лице починало вчера во сообраќајна незгода на патот Прилеп-Битола, соопшти МВР. – Вчера во 11:15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, пред клучка „Лагово“, патничко возило „фиат браво“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.П.(52) од Прилеп, излетало од патот. На местото на незгодата починал возачот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, […]

Полицијата прекинала забава во угостителски објект кој работел по работното време, приведен сопственикот


Полицијата го лишила од слобода сопственикот на угостителски објект во гостиварско Неготино. Во неговиот објект бил отворен и покрај ограничување на работното време, а во него имало гости и музичари. Според СВР Тетово во акциската контрола на полициски службеници од ОВР Гостивар, која била направена во периодот од 21:40 до 23 часот во објектот, што се […]

Само во една контрола МВР откри 26 нерегистрирани возила во Тетово и Гостивар


Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Тетово и Гостивар, при што се санкционирани 203 возачи. Како што информира МВР, од изречените санкции 113 се во Тетово, меѓу кои 10 за нерегистрирани возила и шест за возење без возачка […]

Засилена акциска контрола на мобилната сообраќајна единица на МВР во Тетово и Гостивар  


Мобилната сообраќајна единица при Министерството за внатрешни работи вчера и денес спроведува нови засилени сообраќајни акциски контроли во Тетово и Гостивар. Портпаролот на Министерството Тони Ангеловски од Тетово порача дека овие активности даваат резултат. -Засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на денешниот ден и во наредните денови. Апелирам до граѓаните на Тетово и Гостивар […]

Еден загинат и тројца повредени при излетување на возило од автопатот Куманово -Скопје


Возачот загинал, а тројцата сопатници се повредени при излетување на патничко моторно возило со скопски регистрски ознаки на автопатот Куманово-Скопје во близина на Агино Село. Како што информира МВР,  вчера во 23:30 часот патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од село Агино Село, излетало од автопатот Куманово-Скопје, кај Агино Село. По […]

Притвор за жител на Пепелиште заради убиство во обид


Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 43 – годишно лице, привремен жител на село Пепелиште, Неготино, поради основано сомнение дека  сторил кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. -Осомничениот на 4 декември 2020 година, околу 5 часот, во настаната расправија […]

Поранешен командир на ПС Карпош, бара 20 илјади евра зошто бил незаконски прислушуван


 Следното рочиште за судскиот предмет „Тврдина-Таргет“, е закажено на 9 декември. Меѓу денешните сведоци во овој предмет беше и поранешниот командир на ПС Карпош, Бојан Величковски, кој рече дека се сомневал дека бил незаконски прислушуван и од тие причини поднел барање до СЈО, за да се утврди дали бил незаконски следен. – Точните причини зошто […]

Случај „Таргет-Тврдина“, поранешен командир на ПС Ѓорче Петров раскажуваше за заканите по живот


Изминатиот период во Кривичен суд Скопје, се поднесени 105 писмени пријави за предјавување на оштетно побарување за случајот „Тврдина-Таргет“. Причините за ваквиот начин на предјавување на оштетно побарување произлезе од последната ситуација предизвикана од Ковид-19, од кога се одложија неколку рочишта за случајот „Тврдина-Таргет“, односно за почитување на протоколите за заштита на сите граѓани кои […]

Кривична пријава за седум лица за трговија со дрога


Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и заедничка соработка со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, поднесе кривична пријава против А.М. (27) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело“, во врска со кривично дело „неовластено производство […]

Со секира ја касапел сопругата, па се фрлил во Црна Река


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, изврши увид во куќа во село Шивец каде беше пронајдена жена на возраст од 84 години со тешки телесни повреди, соопшти Јавното обвинителство. „Според првичните сознанија, повредите ги направил нејзиниот 73-годишен сопруг, користејќи секира и други опасни орудија. По […]

МВР: Граѓаните да внимаваат при продажба на автомобили


Зачестени се кривичните дела измами при купопродажба на патнички моторни возила на територијата на државава. Затоа апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не склучуваат договори за продажба на автомобили без да им бидат исплатени парите, порачуваат од Министерството за внатрешни работи. -При вршење на измамите, од страна на измамници се склучуваат нотарски договори […]

Трагедија во битолско Канино: На лов застрелан млад ловџија


БИТОЛА – Трагедија го снајде семејството Каранфиловски од битолското село Канино, откако од повреди здобиени на лов почина 35-годишниот Јове Каранфиловски. Јове зад себе оставил вереница, семејството се подготвувало за свадба, но ненадејно минатиот месец починал неговиот татко.   Вчера Каранфиловски отишол на лов заедно со уште неколку свои пријатели, но во еден момент тој бил […]

Приведен сопственик на угостителски објект од тетовско


 Полициски службеници на СВР Тетово во тетовска Мала Речица вчера го лишиле од слобода 39-годишниот З.А. од истото село, сопственик на угостителски објект, затоа што било констатирано дека објектот работи надвор од дозволеното време. -При заедничка контрола на објектот од полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, било констатирано дека објектот на 39-годишниот 3.А. […]