Казнети 288 возачи во Скопје, 32 немале возачка дозвола


Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден се спроведени засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.  На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 288 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 10 санкции за некористење на сигурносен појас, 21 за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум за користење на мобилен телефон и две санкции за минување на затворен семафор (црвено светло).

Изречени се 49 мерки за непрописно паркирање и 27 мерки за неносење на заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.