Казнети 659 лица за неносење заштитна маска


Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистриран е 659 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.