Полицијата санкционира 177 возачи во Општина Центар


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што територијата на Општина Центар се изречени вкупно 177 мерки. Како што информира МВР, од вкупно 177-те изречени снакции, 21 се за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила, пет за минување на црвено светло […]

Почина затвореник од КПУ Идризово позитивен на Ковид-19


Во болнички услови вчера почина 72-годишен затвореник од Казнено-поправниот дом „Идризово“, информираат од Управата за извршување на санкции (УИС). – Починатиот затвореник се пожалил на потешкотии во дишењето, по што веднаш со специјално возило бил однесен во болница. Тој претходно не се пожалил на какви и да е други симтоми, но се работи за лице […]

Затворен угостителски објект во Жеровјане, приведени повеќе лица


Затворен е угостителски објект во тетовско Жеровјане во кој синоќа надвор од дозволеното време биле затекнати 40-ина гости, а при акцијата на полицијата се приведени сопственикот и уште неколку лица, поради непочитување на мерките за справување со коронавирусот и поради пронајдена дрога. Во угостителски објект во село Жеровјане,тетовско, синоќа во 22.35 часот, при спроведена акциска […]

Приведени вработен во АНБ и полициски службеник за измама


СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две лица И.А. (30) и А.Р. (40) од Скопје поради лажно прикажување на факти кои се однесуваат на нивниот идентитет. Пријавата е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело „Измама“ по член 247 во врска со чл22 […]

Судијата Ненад Савески ги отфрла обвинувањата на Јасна Мандиќ од „Меѓународен сојуз“


Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје, Ненад Савески, тврди дека никој не влијаел на неговата одлука по барањето за притвор за обвинетата во случајот „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ. „Ви тврдам со мојот личен и професионален интегритет дека ниту во овој предмет ниту во кој било друг, ниту некој ми се јавил, […]

Адвокати го напуштија судењето за „Монструм“, судијата одреди адвокат по службена должност за Азири


Тензична и напната атмосфера на Монструм. Насер Рауфи и уште двајца адвокати без одобрение на судот го напуштија судењето. Причина беше одлуката на обвинетиот Хаки Азири да му се одреди бранител по службена должност, оти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ е болен од корона. На ова се спротистави Насер Рауфи во знак на протест излезе од […]

Грк пронајден мртов во стан во Гевгелија


Во полициската станица во Гевгелија во утринските часови на 9 декември било пријавено дека во апартман во градот бил пронајден починат 46-годишниот грчки државјанин со иницијали S.A. Починатиот имал привремен престој во Гевгелија, а од страна на доктор од итната медицинска помош констатирана била смрт, без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила […]

Во Битола се судрија автомобил и автобус, има повредени


Во средата, во 22.40 часот во Битола, на ул.„Македонска фаланга“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „хундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(41) од Горно Оризари и автобус „ман“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.Д.(54) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Т., додека со повреди се […]

Судење за „Меѓународен сојуз”: Се анализара телефонска комуникација на Бојан Јовановски


 Со изведување на материјални докази – анализа на телефонска комуникација денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица. Обвинителството, на почетокот изведе превод од српски на комуникација на првообвинетиот Јовановски и друго лице, од кој […]

Приведен сопственик на угостителски објект во Тетовско, работел по дозволеното време


Во средата, околу 23.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М.Ј.(50) од село Пирок, Тетовско бидејќи во угостителски објект во негова сопственост во с. Пирок, имало гости и работел по дозволеното време, односно не ги почитувал мерките за справување со ширењето на корона вирус. По целосното документирање на случајот на М.Ј. […]

Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз”


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица. Судењето за овој предмет е во фаза доказна постапка, односно презентација на материјални докази од страна на обвинителството. Кривичниот совет во овој предмет го води […]

Побаран притвор за шестмина осомничени за најдената дрога во Арачиново


 Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против шест лица, сите од Скопје, поради постоење на основано сомневање дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, а првоосомничениот и второосомничениот и за сторено едно […]

За 21 отсто намалени сообраќајките во ноември


Во ноември 2020 година имаме значително намалување на бројот на сообраќајни незгоди, особено на оние со потешки последици, рече министерот Оливер Спасовски при денешната посета на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот, која е носител на засилените акциски контроли во сообраќајот што МВР ги спроведува од средината на септември. „ По моето враќање  во МВР […]

Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од две повозрасни лица


Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од две повозрасни лица, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Додевски појасни дека инцидентот бил пријавен завчера во 21 часот во Полициската станица Кавадарци, а се случил ден претходно. Пријавителот има 34 години, а лицата кои ги пријавил дека физички го нападнале, се на 57 […]

Шест осомничени и запленети 2 тона дрога по вчерашната акција во Арачиново


По вчерашната голема акција на полицијата за пронаоѓање на урадената марихуана од скад во Јосифово, Валандовско, полицијата соопшти дека имаат шестмина осомничени, од кои дел се во притвор, а исто така пронајдена е и дел од дрогата. – МВР во координација со јавното обвинителство во текот на вчерашниот и денешниот ден презема низа мерки и […]

Притвор за осомничен кој прегазил пешак и го напуштил местото на несреќата


 Тетовската полиција соопшти дека 36-годишен маж од селото Пршовце е приведен како осомничен за сообраќајната несреќа на 6 декември на патот Тетово-Јажинце во која загина пешак, а возилото го напуштило местото. По вчерашното приведување и задржување во полициска станица, денес судија во претходна постапка му одредил притвор од 8 дена. – СВР Тетово го обезеди […]

Во Арачиново сè уште трае полициската акција


Во скопското село Арачиново, синоќа започна полициска акција поврзана со голема заплена, а како што информираат од МВР истата и натаму е во тек. Поради текот на акцијата, од МВР засега не соопштуваат детали. Според неофицијални информации, кои веќе се појавија и во дел од медиумите, станува збор за заплена која во петокот беше украдена […]

Голема полициска акција во Арачиново за заплена на оружје и дрога


Голема полициска акција е во тек во Скопско Арачиново, а за ТВ 21 , МВР ја потврди акцијата. Неофицијално телевизијата дознава дека запленета е голема количина на дрога и оружје. Оклопни возила се наоѓаат пред селото Арачиново, а поради безбедносни причини, формиран е безбедносен круг. Пристапот е забранет.  

На патот Тетово-Јажинце изгоре возило откако во движење започнал пожар


Изгоре возило во кое започнал пожар во моторот додека било во движење вечерва на регионалниот пат Тетово-Јажинце на делот кај селото Одри. Повредени лица нема. -Нема повредени меѓу патниците и меѓу пожарникарите.  Ние бевме со едно возило и четворица пожарникари.  Во овој случај беше добро што успеавме да го локализираме огнот и на тој начин […]