Гори ТЦ „Глобал“ во Струмица


Голем пожар избувна во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, јавува локалната телевизија „Вис“.

Пожарникарите се обидуваат да го угаснат големиот пожар, а огнот зафатил приземни простории каде се сместени повеќе продавници.

Во пламен е продавницата „Џо-Го“, но во опасност се и другите локали кои се во негова близина.

 

Засега нема информации за евентуално повредени лица, а сè уште нема податоци за причините кои го предизвикале пожарот.

Како што јавува „Вис“, сообраќајот по околните улици е сопрен, за да можат возилата на противпошарните екипи и екипите на брзата помош да можат слободно да пристапат до трговскиот центар.

На помош на струмичките пожарникари пристигна аи колеги од Радовиш. Според „Вис“, се забележува протипожарна кола од Радовиш.

Засега, пожарот ни малку не е локализиран.

На терен пристигнаа и возила од ЈП „Комуналец“ кое доставува вода. 

Во моментот, во Струмица врне, но дождот не помага во гасењето на поажарот.