Запленети над 5000 пиротехнички средства на Бит пазар

 Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје денеска на подрачје на Бит пазар на ул.192 заплениле 5.382 парчиња пиротехнички средства, а во врска со случајот е приведен О.Д.(25).

Од МВР информираа дека по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.