Во Скопје казни за 184 возачи


Фото: Б. Грданоски

 На територијата на Град Скопје 184 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Без возачка дозвола биле 15, а како што информираат од МВР 11 санкции се изречени за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 за непрописно престројување,
11 за непрописно престигнување, 16 за користење на мобилен телефон и пет санкции за минување на црвено светло.

Изречени се и 55 мерки за непрописно паркирање, додека 44 возила се подигнати со „пајак“.